Датум на објава:
Jan. 26, 2024, 8:27 a.m.
Иако растенијата се откриени пред десетина години, научниците дури неодамна го утврдиле нивниот начин на исхрана. Доктор Питер Фриш, кој го водел истражувањето, ја зголемил потрагата по други слични растенија.
Првпат кога ги видов растенијата, не можев да поверуваm. Никогаш не сум видел нешто такво. Тие растат во особено сиромашна почва. Нивниот корен им дава само потпора, но тие имаат и листови кои растат под земја. Кога подобро ги разгледавме, забележавме остатоци од црви залепени на површината на листовите. Можно е да постојат и други вакви слични непознати растенија. Постојат уште многу познати видови, за кои уште не е утврдено дали се месојадни или не. Можеби некои од нив се адаптирале на ваков начин на исхрана, вели Фриш.Авторот на студијата вели дека засега е нејасно како овие растенија го привлекуваат својот плен или дали едноставно го јадат тоа што ќе наиде и ќе се залепи на нивните листови.
Датум на објава:
Jan. 26, 2024, 8:27 a.m.