Датум на објава:
Jan. 26, 2024, 8:27 a.m.
На 06.04.2019 (сабота) се одржа првата еднодневна истражувачка акција за оваа година Уланци - Слан Дол - Брегалница - Уланци. Се патуваше со воз, тргнавме од Скопје и пристигнавме до постојката во Градско. Времето беше облачно и суво, минималната температура изнесуваше 13, а максималната 19 степени целзиусови.
При еднодневната акција на ИДСБ, херпетолошката секција одржа едукација и теренска обука на новите членови, како и теренско истражување на херпето-фауната. На теренот присуствуваа менторот на херпетолошкат секција проф д-р Драган Арсов од Македонското еколошко друштво и проф. д-р Лилјана Томовиќ од природно-математичкиот факултет во Белград, кои дополнително го споделија нивното огромно искуство со студентите.
[caption id="attachment_17363" align="aligncenter" width="640"] Проф. д-р Лилјана Томовиќ демонстрира како се одредува пол кај полска гуштерица (Podarcis tauricus)[/caption]Херпетолошката секција успешнo ги евидентира следните животни :
Црвовидна змија (Xerotyphlops vermicularis) European blind snake. Полска гуштерица (Podarcis tauricus) Balkan wall lizard. Зелен гуштер (Lacerta viridis) European green lizard. Полска желка (Testudo graeca) Spur-thighed tortoise. Зелена крастава жаба (Bufo viridis) European green toad. Жолтоогнена жаба (Bombina variegata) Yellow-bellied toad. Шумска жаба (Rana dalmatina) Agile frog. [caption id="attachment_17379" align="aligncenter" width="640"] Црвовидна змија (Xerotyphlops vermicularis)[/caption] [caption id="attachment_17363" align="aligncenter" width="640"] Проф. д-р Лилјана Томовиќ демонстрира како се одредува пол кај полска гуштерица (Podarcis tauricus)[/caption] [caption id="attachment_17362" align="aligncenter" width="640"] Полска желка (Testudo graeca)[/caption] [caption id="attachment_17364" align="aligncenter" width="640"] Шумска жаба (Rana dalmatina)[/caption] [caption id="attachment_17365" align="aligncenter" width="640"] Жолтоогнена жаба (Bombina variegata)[/caption] [caption id="attachment_17366" align="aligncenter" width="640"] Зелена крастава жаба (Bufo viridis)[/caption]Забелешка: Констатирано е големо антропогено влијание (фрлање отпадоци, ѓубре и шут насекаде, потпалување) кое има негативно влијание врз животната средина.
Изработил: Андреј МихајловДатум на објава:
Jan. 26, 2024, 8:27 a.m.