Само три вида отровни змии, единаесет вида смокови, еден вид црвовидна змија и еден степски удав, што е вид боа, можат да се сретнат во земјава.
Едни од најопасните змии се отровниците поскокот, шарката и степската лутица, а од полуотровните се сретнуваат смоковите вдлабнаточелен и телескопус (мачји смок, мачја змија). Од 0-2000 метри надморска височина живее поскокот, на поголеми височини се појавуваат шарките, а само на Шар Планина и Бистра (можно е да е присутна и на други планини во западна Македонија) може да се види степската лутица.
Овие видови змии се специфични бидејќи имаат триаголна глава што е поголема од телото, за разлика од другите змии, на кои главата им е како врзана со телото. Поскокот има и специфично рокче на главата, а шарката и степската лутица, меѓу другото, се разликуваат по распоредот на лушпите на главата
[ultimatetables 1 /]
[su_slider source="media: 1106,1105,1104,1103,1102,1101,1100,1099,1098,1097,1096,1095,1094,1093,1092,1091" limit="16" width="400" height="340" pages="no"]
Референци:
Изработил:
Целиот документ можете да го погледнете тука.
Х Е Р П Е Т О Л О Ш К А С Е К Ц И Ј А