Датум на објава:
Jan. 26, 2024, 8:27 a.m.
Активностите на оваа секција се поврзани со истражување на растителниот диверзитет во Македонија. Работата на флористичката секција е поделена на теренски и лабораториски дел. Во рамките на теренските активности е предвидено идентификација на растенијата на терен и нивно собирање. Обично растенијата се собираат со корен, со исклучок на грмушестите и дрвенестите видови. Собраните растенија на терен се ставаат во пластична кеса за да останат што е можно посвежи и позачувани.
При собирањето на растенијата се запишува и датата на собирање, стаништето, надморската висина и локалитетот кајшто е собрано. Доколку растението/јата ни се познати, во тој случај само фотографираме и запишуваме. Собраните растенија понатаму неколку дена се сушат и пресуваат во хартии и од нив се прават хербарски примероци.
Понатамошниот дел на активностите се одвива во лабораторија, каде исушените растенија се лепат и етикетираат (на посебно ливче или етикета се запишува локалитет, станиште, дата, надморска висина и се прикачува на листот каде е залепено растението). Следува нивно детерминирање (одредување) со помош на посебен клуч за одредување растенија. Добиените резултати се внесуваат во база на податоци за растенија на Македонија.
Со помош на овие активности имаме секогаш достапни информации за диверзитетот и распространетоста на растенијата во Македонија.
Раководител на секција:
Датум на објава:
Jan. 26, 2024, 8:27 a.m.