Алголошка секција - Запознавање

Датум на објава:
Jan. 26, 2024, 8:27 a.m.

Алголошката секција се занимава со истражување на дијатомејската флора (Bacillariophyceae) на високопланински водени еко-системи (eзера, реки, потоци и тресети).

Диjатомеите, уште наречени силикатни алги, се микроскопски алги кои претставуваат многу важни примарни продуценти во слатководните и морските еко-системи.

Процесот на седиментација овозможува силикатните алги да се користат во палео-лимнолошки истражувања преку кои се следи староста, потеклото на езерата како и промените на животната средина во минатото (квалитет на вода, климатски промени, колонизации, итн). Дијатомеите служат како важни билошки индикатори за утврдување на квалитетот на водата.

Теренскитe истражувања се одвиваат преку колектирање на алголошки матријали, кој подоцна се обработува во лабораторија преку согорување и подготовка на трајни препарати. Микроскопските анализи помагаат при утврдувањето на составот на дијатомејските заедници како и нивната релативна застапеност како главни индикатори за диверзитетот на алголошката флора. Главната цел на секцијата е утврдување на диатомејскиот диверзитет на високопланинските подрачја и изведувања на компаративни анализи.

Собраните матријали се чуваат во дијатомејската колекција DCIBS на Природно- математичкит факултет на Институт за биологија. Добиените резултати потоа се печатат во научни списанија и билтени, организирани од страна на “Истражувачко дружтво на студенти билози- ИДСБ”.

Mентор на секција: Проф. д-р. Златко Левков (e-mail: zlevkov@yahoo.com)


Датум на објава:
Jan. 26, 2024, 8:27 a.m.