Споменик на природа ,,Слатински Извор"

Датум на објава:
Jan. 26, 2024, 8:27 a.m.

Споменикот на природата Слатински Извор го добил името по една од петте пештери што се наоѓаат околу селото Слатина, на петнаесетина километри од Македонски Брод. Самата пештера е строга заштитена зона, која се наоѓа и на привремената листа за заштита на УНЕСКО - за целосна заштита се потребни уште истражувања. Но кога ќе пристигнете во Слатина, ќе сфатите дека всушност целиот тој крај е една неверојатна природна убавина. Поради пештерата Слатински Извор, целиот терен е прогласен за споменик на природата, на чија територија се наоѓаат и пештерите Горна Слатинска, Пурало, Овчарска и Слатинска II.
На околу два километри од влезот на Слатински Извор се наоѓаат т.н. корални сталактити, кои прво почнале да се формираат во сува средина, а потоа во стоечка вода од езерски басени. Денес нивниот развој продолжува повторно во сува средина - Билјана Гичевски
[TABS_R id=2279] Дополнителни информации за оваа пештера како и за другите кои се наоѓаат во Споменикот на природата "Слатински извор", може да ги најдете на официјалниот веб сајт на Истражувачкото друштво "УРСУС СПЕЛЕОС" или на нивната фан група на фејсбук.

Галерија

[gallery type="slideshow" size="medium" ids="2283,2284,2285,2286,2287,2288"]
Референци: http://www.ursusspeleos.com.mk/ http://www.igeografija.mk/IZDANIJA/BiltenSlATINA.pdf
Изработил: В.Ѓорѓиев - Еколошка насока

Датум на објава:
Jan. 26, 2024, 8:27 a.m.