Датум на објава:
Jan. 26, 2024, 8:27 a.m.
Климата е многу значаен географски фактор. Од климата зависи количеството на врнежи, полноводноста на реките, богатството на растителен и животински свет, а секако и активноста на човекот во просторот.
Во стопанството, климата има особено влијание врз земјоделството, шумарството, потоа сообраќајот, туризмот, начинот на живеење и др. Климатските фактори одредуваат каква ќе биде климата во одреден простор. За Република Македонија, најважни климатски фактори се: географската положба, релјефот, близината на околните мориња и атмосферските струења.
КЛИМАТСКИ РЕГИОНИ И ТИПОВИ |
Во Македонија се издвоени неколку карактеристични климатски региони: субмедитерански, регион со изразена транслатација на медитеранската и континенталната клима, регион со континентална клима и регион со планинска клима.
Субмедитеранскиот регион ги зафаќа: Гевгелиско-валандовската и Дојранската Котлина, каде што најсилно се чувствуваат медитеранските климатски влијанија. Во него во одделни години медитеранските влијанија се потиснати, но и обратно, постојат години кога медитеранските влијанија се чувствуваат по долината на реката Вардар до Скопје, по долината на реката Брегалница до Кочани и по долината на реката Струмица во Струмичко–радовишката Котлина.
Регионот на изразена транслатација на континенталната и медитеранската клима ги зафаќа Тиквешката, Велешката и Скопската Котлина, Овче Поле, Штипско и Кочанската Котлина, долината на реката Вардар, Струмичко–радовишката Котлина и по долината на реката Црни Дрим во Дебарската Котлина.
На север по долината на реката Вардар климатското влијание брзо ослабува. Регионот на континенталната клима, најмногу се чувствува во Преспанската и Охридско-струшката Котлина (каде што се чувствува и влијанието од езерскиот басен), Кичевската, Бродската, Беровско-делчевската, Славишката, Полошката и Пелагониската Котлина.
Регионот на планинска клима ги зафаќа високите планини на Шарскиот и корапскиот планински систем, Јабланица, Баба, Јакупица и сите други високи планини во Македонија. Во нив над 2.200 метри постои вистинска планинска клима или таканаречената алпска клима. За разлика од неа, во сите планини под 1.000 м н.в., кои се определени како ниски планини, владее преодна, од котлинска во планинска клима.
Во жешкиот топлински појас се јавуваат: екваторска, троска, пустинска и монсунска клима.
[caption id="attachment_666" align="alignnone" width="435"] Сателитска снимка на Македонија во декември[/caption] Според климатските и вегетативните специфики, Македонија е поделена на осум физичко-географски региони:Датум на објава:
Jan. 26, 2024, 8:27 a.m.