Видови на птици, исчезнати и веројатно исчезнати видови во Македонија

Датум на објава:
Jan. 26, 2024, 8:27 a.m.

Ова е само дел од извештајот на МЕД. Доколку сакате да го погледнете целиот, клик тука.

[su_box title="Колку видови птици има во Македонија?" style="bubbles" box_color="#50d574" title_color="#000000"]Првите податоци за орнитофауната на Македонија датираат од 1845 година. Од тогаш, преку 280 наслови наведуваат вкупно 332 видови. Осум видови се внесени во овој список и покрај тоа што се работи за возможно погрешно одредување на видовите, а уште два вида на основа на наоди во соседнте земји.

Од преостанатите 322 видови, најголем број (210 видови) се видови кои редовно гнездат во Македонија, а уште четири нередовно или само веројатно гнездат (при што 127 видови се станарки, односно се присутни преку целата година).

Уште 19 видови редовно се среќаваат во зимскиот период, а 32 видови се присутни единствено при нивните пролетни и/ или есенски миграции. Има и такви (два вида) кои во Македонија се присутни само во летниот период, иако не гнездат кај нас. Релативно е голем бројот на видови (27) кои само повремено може да се забележат на територијата на Македонија, затоа што таа не се наоѓа на нивните главни миграторни патишта, или се работи за единки кои скитајќи од нивните места за гнездење во поширокиот регион биле забележани и во Македонија.

До неодамна уште 15 видови биле регистрирани на територијата на Македонија на зимување, при миграција или само повремено, но во последните две-три децении отсуствуваат какви било податоци за истите. За жал, дури осум некогашни гнездилки сега се целосно исчезнати од Македонија, што е веројатно случај и со уште еден вид, за кој постојат скорешни непотврдени податоци.[/su_box]

1024px-White_tailed_Eagle_DG

[su_box title="Исчезнати и веројатно исчезнати видови" style="glass" box_color="#eb112b" title_color="#000000"]Во последните 40-50 години осум видови птици кои гнезделе во Македонија денес се исчезнати.

Нивното исчезнување е поврзано или со исчезнувањето на водните живеалишта, или со интензификацијата на земјоделството, или со криволовот. Мраморната патка Marmaronetta angustirostris, црвеновратиот нуркач Podiceps grisegena и блатниот був Asio flammeus во последните една-две децении воопшто не се регистрирани на територијата на Македонија; последните единки на брадестиот мршојадец Gypaetus barbatus и црниот мршојадец Aegypius monachus за последен пат се набљудувани во 2005- 2006 година, а блатната ластовица Glareola pratincola и малата дропља Tetrax tetrax во 60-тите и 70-тите години на 20 век соодветно.

Не постои ни прецизен податок кога е исчезната веројатно секогаш ретката црвена луња Milvus milvus. Но, списокот на видови кои некогаш гнезделе во Македонија а сега се среќаваат само случајно или при миграција, е значително поголем. Тој ги вклучува и сивиот жерав Grus grus, белоопашестиот орел Haliaeetus albicilla, орелот рибар Pandion haliaetus, чапјата лажичарка Platalea leucorodia, ибисот Plegadis falcinellus, дивата гуска Anser anser, а и кадроглавиот и белиот Pelecanus onocrotalus пеликан кои редовно се хранат на Преспанското Езеро.[/su_box]

1280px-Haliaeetus_albicilla_-captive-8a (1)


Датум на објава:
Jan. 26, 2024, 8:27 a.m.