Водните молци, инсекти сродни со пеперутките и ноќните молци се доста интересни инсекти. Имено ларвата на овие инсекти која живее во потоците на релативно чистите води е способна да плете свилена мрежа нешто слично на свилената буба.
Таа ја користи својата свила во комбинација со материјалот на подлогата за да конструира кукички во кои таа се затвора и настанува метаморфоза.
Францускиот уметник Hubert Duprat ја комбинирал оваа способност на водните молци со неговата креативност на тој начин што подлогата на ларвите на водните молци ја составил од злато и скапоцени камења. Ова е резултатот кој го добил.