Датум на објава:
Jan. 26, 2024, 8:27 a.m.
Оддел GYMNOSPERMAE (CONIFEROPHYTA)
Голосемените растенија претставуваат исклучиво дрвенести или грмушести растенија. Стеблото кај нив се карактеризира со присуство на отворени колатерални снопчиња, кои се прстеновидно распоредени, а со помош на еден камбиум тоа расте секундарно во дебелина. Дрвесината кај овие растенија се одликува со присуство на трахеиди, додека трахеи отсуствуваат. Во флоемот отсуствуваат придружни клетки.
Листовите кај Gymnospermae се многу разнобразни. Тие се најчесто игличести, јаки, зимзелени, односно вечно зелени. По должината на листовите минуваат разгранети или неразгранети спроводно снопчиња.
Цветовите кај оваа група на растенијa (со исклучок на еден ред Bennettitales) се еднополни, еднодомни или поретко дводомни и се многу едностанво изградени. Тие се претставени со прашнички или со плодни листови поставени на една долга оска, образувајќи цветови односно соцветија со облик на шишарки.
Перијантот кај Gymnospermae отсуствува или пак е сосема слабо развиен. Прашничките листови најчесто содржат неопредел број на поленови торбички, кои, со исклучок на редот Ginkgo, се отвораат со еден посебен кохезионен механизам.
Семеновите зачетоци имаат само еден интегумент. Тие се наоѓаат на плодните листови и до нив лесно, со помош на ветерот, се пренесуваат поленовите зрна. Гаметофитот кај Gymnospermane е многу редуциран, меѓутоа не толку, како кај Angiospermae (скриеносемени растенија).
Голосемените растенија имаат големи економски намени. Боровите, елата, смреката и кедарот се карактеристични примери од групата. Некои други вообичаени голосемени растенија се користат како за сапун, лак, храна, гуми и парфеми.
Во оваа група на растенија припаѓаат и фосилни остатоци од видови кои што се развивале за време на девон, карбон и перм. Како за пример групата т.е класата Pteridospermaе, се фосилни растенија и по градба тие претставуваат една преодна група помеѓу папратите и голосемените растенија. И покрај тоа што по многу особини се доближуваат до папратите, сепак поради фактот што кај нив се образуваат семенови зачетоци, односно семки, нивното место е на почетокот од семените растенија.
Покрај овие растенија кои што се фосилни, една група на растенија кои што се развивале од крајот на палеозоикот, се присутни и ден денес со неколку рецентни родови кои имаат распокинати ареали во тропските и субтропските обласите. Тука се опфатени 3 фамилии како Cycadaceae, Stangeriaceae и Zamiaceae.
Во Gymnospermae, припаѓа еден ред (Welwitschiales) кој е претставен само со една фамилија и со единствен вид (Welwiitschia mirabilis), кое што претставува пустинско растение кое расте во пустината Намиб (Југозападна Африка) како и во пустините на Ангола (Подоле во галеријата ке може да го погледнете).
Од сите овие, најзначајната група на растенија припаѓа на иглолисните растенија т.е четинарите ( ред Coniferales). Тие претставуваат најбројна и најраспространета група помеѓу современите голосемени растенија, со 8 фамилии, 55 родови и околу 600 видови каде голем број од нив имаат многу значајна улога во рецентниот растителен покривач на земјата.
Во северните делови на Евроазија и Северна Америка тие образуваат пространи шуми (тајги), додека на јужната хемисфера најчесто се среќаваат во умерените области на Австралија, Нов Зеланд и Ј.Америка. Тие се силно разгранети дрвенести растенија, поретко грмушести со многубројни листови. Листовите се игличести или лушпести и најчесто се многугодишни, тврди, корави и ксероморфни. Во сите органи на растенијата често се присутни смолни канали. Цветовите се групирани во посебни "шишарчести цветови" односно "соцветија".
[su_note note_color="#3bd06b" text_color="#181313"]
Карактеристични фамилии и видови [/su_note]
Од фамилијата на Araucariaceae, особено познат е видот Araucaria excelsa (собна ела) кој се одгледува како многу декоративно растение.
Најпознатата фамилија Pinaceae, каде што спаѓаат најзначајните европски иглолисни растенија со зимзелени листови каде што исклучок е родот Larix, кај кој игличките паѓаат во текот на зимата. Оваа фамилија можеме да ја поделиме на 3 подфамилии од кои:
Abietoideae; со видовите:
Laricoideae; со видовите:
Pinoideae; или фамилијата на борови, со видовите:
Покрај оваа фамилија, тука е фамилијата Taxodiaceae, со видовите:
Фамилија Cupressaceae каде во флората на Македонија е застапена само со родот Juniperus со видовите:
Покрај овие има и декоративни парковски дрвенести или грмушести растенија како:
Фамилија Taxaceae, каде што различни автори различно ја издвојуваат како посебна подкласа, посебен ред итн. Единствен претставник од оваа фамилија кој се развива кај нас е Taxus bacata (Тиса).
Систематиката, т.е научната класификација е различна според различни автори или научници.
ГАЛЕРИЈА
[gallery type="slideshow" ids="1913,1914,1915,1916,1917,1918,1919,1920,1921,1922,1923,1924,1925,1926,1927,1928,1929,1931"]Датум на објава:
Jan. 26, 2024, 8:27 a.m.