Бентосните макроинвертебрати се организми кои живеат под на дното од реките и потоците, не поседуваат 'рбет и можат да се видат со голо око.
Хидробиолозите ги собираат и ги идентификуваат овие инвертебрати. Врз основа на нивниот диверзитет и сенситивност (чувствителност), можеме да дојдеме до подлабоко разбирање за квалитетот на водните тела.
Бентосните организми можат да бидат:
- силно сенситивни на загадување
- средно сенситивни
- толерантни на загадување
|
Силно сенситивни организми
Тоа се организми на кои им треба вода со добар квалитет за да живеат. Некои имаат потреба од растворен кислород во водата, други сакаат бистра вода, а трети бараат вода која е богата со плен. Тука припаѓаат ларвите од
пролетниците.
[caption id="attachment_2487" align="alignnone" width="885"]
Ларви на пролетници (Plecoptera)[/caption]
Средно сенситивни организми
Организми кои можат да преживеат во слабо загадена вода. Нивните еколошки потреби не се толку строги како на пролетниците.
Во оваа група се сместени:
-
ларвите на водните молци
[caption id="attachment_2490" align="alignnone" width="888"]
Ларви на водните молци (Trichoptera)[/caption]
-
ларвите на комарците
[caption id="attachment_2491" align="alignnone" width="560"]
Ларви на комарци (Diptera / Tipulidae)[/caption]
-
речните ракови
[caption id="attachment_2492" align="alignnone" width="1125"]
Crustaceae / Decapoda[/caption]
-
ларвите на еднодневките
[caption id="attachment_2493" align="alignnone" width="560"]
Ларви на еднодневки (Ephemeroptera)[/caption]
-
ларвите на вилинските коњчиња
[caption id="attachment_2494" align="alignnone" width="842"]
Ларви на вилински кончиња (Odonata)[/caption]
Толерантни организми
Тоа се организми кои можат да преживеат во води со лош квалитет. Таквите организми најчесто поседуваат адаптации кои им овозможуваат да преживеат во води со ниски нивоа на кислород и богати со хранливи материи.
Тука се наоѓаат
ларвите на мушичките.
[caption id="attachment_2495" align="alignnone" width="504"]
Ларви на мушички (Chironomidae)[/caption]
Изработил:
Филип Киселовски / Еколошка насока