Денеска небото станува се полично, како што можете да видите од извонредната фотографија на насмевка на небото. Превртено виножито забележано над Сасекс - В. Британија всушност не е виножито.
Ова претставува ретка атмосферска појава која ретко се гледа далеку од Северниот и Јужниот пол.
За разлика од виножитото кое е резултат на пробивањето на светлината низ дождовните капки, превртеното виножито се случува кога светлината поминува низ милиони смрзнати кристали кои лебдат во атмосферата.
Поради тоа што кристалите се со рамна и хексагона површина тие ги прекршуваат зраците и ја формираат превртената форма на виножито на небото. Оваа појава се случува кога сонцето се наоѓа ниско над хоризонтот односно на агол помал од 32,2˚