Датум на објава:
Jan. 26, 2024, 8:27 a.m.
Carabus intricatus / Cerambyx cerdo / Dorcadion ljubetense Maculinea arion / Morimus funereus / Parnassius apollo
Тркачите (Carabidae) се претставници на најбројната група организми – тврдокрилците (Coleoptera). На Шар Планина се познати околу 140 видови тркачи. Според бројот на видови, Шар Планина е една од најбогатите планини со тркачи во Македонија, додека според бројот на ендемити и реликти, Шар Планина спаѓа во најзначајните планини на Балканскиот Полуостров заедно со Проклетије, Пирин и Рила. Скакулците на Шар Планина се слабо проучувани. Досега се познати 40 видови што би било помалку од половина од реалниот број. Кај скакулците нема локални, но се познати седум субендемити (Pholidoptera aptera gjorgjevici, Oropodisma macedonica, Psorodonotus fiberi macedonicus, Metrioptera oblongicollis, Platycleis ebneri, Anterastes serbicus и Chorthippus biguttulus euhedickei). Меѓународно значајни видови инсекти: Maculinea arion, Parnassius apollo, Euphydryas maturna, Zerynthia polyxena, Carabus intricatus (набрчкан тркач), Lucanus cervus (еленче), Cerambyx cerdo (голем дабов сечко), Morimus funereus (буков сечко), како и Dorcadion ljubetensis кој претставува балканки ендемит. Фауната на копнените полжави на Шар Планина е застапена со 49 видови. Пет видови (Balea nordsiecki, Carinigera pellucida, Helicigona haberhaueri ljubetenensis, Orculawagneri ljubetenensis i Triloba thaumasia talevi) се шарпланински локални ендемити, а уште 11 се балкански ендемити.Coronella austriaca / Ichthyosaura alpestris Lacerta agilis / Vipera ursinii
‘РбетнициMecka -Ursus arctos / Buteo buteo - Gluvcar / Lisica -Vulpes vulpes / Balkanski ris - Lynx lynx balcanicus / Kuna belka - Martes foina / Balkanski ris - Lynx lynx balcanicus
Орнитофауната (фауната на птици) на Шар Планина е релативно скромна, имајќи ја предвид нејзината големина и богатство на станишта. Се проценува дека на Шар Планина се среќаваат најмалку 130 видови птици. Меѓу нив најбројни се гнездилките, а најинтересна е фауната на птиците на високопланинските отворени терени, поради присуство на алпски видови, како што се црвеноклуната и жолтоклуната галка (Pyrrhocorax pyrrhocorax и Pyrrhocorax graculus), карполазачот (Tichodroma muraria), алпското попче (Prunella collaris), ушестата чучулига (Eremophila alpestris) и снежната ѕвингалка (Montifringillla nivalis). Од шумските видови најинтересни се оние кои се среќаваат во иглолисните шуми, како што се лешникарката (Nucifraga caryocatactes), крстоклунот (Loxia curivrostra), дроздот огрличар (Turdus torquatis) и други. На најголемото глацијално езеро, Боговинското, при миграција се среќаваат и неколку видови патки. Од мршојадците денес се среќава само белоглавиот орел (Gyps fulvus), кој не гнезди на Шара, туку во помал број доаѓа во летните месеци во потрага по храна. И бројот на другите грабливки е намален, па така и златниот орел (Aquila chrysaetos), се среќава со само неколку двојки. Крексот (Crex crex – загрозен вид во Европа) е еден од поинтересните видови кој се среќава во влажните ливади и во високата вегетација покрај планинските потоци.Srna-Capreolus capreolus / Diva koza-Rupicapra rupicapra / Diva svinja-Sus scrofa / Diva macka-Felis silvestris / Volk-Canis lupus / Zlaten orel-Aquila chrysaetos
На Шар Планина се регистрирани 45 видови цицачи, од вкупно 78 во Македонија. Меѓу нив, пет се наоѓаат на светската црвена листа, од кои три се класифицирани како загрозени. Најзагрозена е балканската полјанка (Dinaromys bogdanovi), класифициран како ранлив вид, кој ги населува високопланинските камењари, додека пак балканскиот рис е најзагрозениот подвид кој се среќава во Македонија со популација проценета на помалку од 60 возрасни единки на Балканот. Јужните делови на Шара сè уште претставуваат упориште на ова критично загрозено животно. . Од големо значење за заштита се и – кафеавата мечка (Urus arctos) и дивокозата (Rupicapra rupicapra balcanica). Од копитарите, најзначајна за заштита е дивокозата (Rupicapra rupicapra balcanica). АгробиодиверзитетДатум на објава:
Jan. 26, 2024, 8:27 a.m.