Откриена пеперутка со половина машки, а половина женски пол

Датум на објава:
Jan. 26, 2024, 8:27 a.m.

peperutka

На Академијата за природни науки на Универзитетот Дрексел постојат 3,5 милиони примероци од различни инсекти, но пеперутката која ја откри еден од волонтерите навистина е уникатна и е една во милион.

Една половина од крилјата на оваа пеперутка, позната како Lexis pardalis е прекриена со шари типични за машки примероци од тој вид, додека другата половина, односно другото крило на пеперутката во бои типични за женки.

Помислив дека некој се шегува со мене. Оваа пепертука едноставно е совршена, рече Крис Џонсон, волонтер кој ја откри пеперутката во текот на работата на Академијата.

Џонсон пронајде една пеперутка со ретка состојба позната како gynandromorphy (организам кој поседува и машки и женски карактеристики).

Гинандроморф најчесто се јавува кај птици и пеперутки каде машките и женските примероци имаат каратеристични, различни бои, објаснува Џонсон.

peperutka1

Појавата, вообичаено се случува во раниот развој кога клетките се делат и формираат ембрион. Тогаш доаѓа до неправилна поделба – така што XXYY се делат во X и XYY наместо по две XY ќелии. Клетките продолжуваат да се делат и размножуваат, а организмот продолжува да се развива како во два различни пола.

Пеперутката која ја откри Џонсон на Академијата по потекло е од тропските прашуми во југоистична Азија и е во многу добра состојба. Десната страна на пеперутката е во типично женски бои – кафена со жолти и бели дамки. Левата страна има карактеристики на мажјак и на неа се прелеваат црната и зелно-сината боја.

Нејзиното „машко“ крило е помало од „женското“.

Јавноста пеперутката ќе може да ја види на изложбата која Академијата ќе ја организира од 17 јануари до 16 февруари.


Датум на објава:
Jan. 26, 2024, 8:27 a.m.