Начин на исхрана и дигестија кај пајаци

Датум на објава:
Jan. 26, 2024, 8:27 a.m.

Што тие нормално консумираат?

Нивното исхранување варира од самиот вид. Всушност, поголемиот број од тврдењата на овој извештај претставуваат генерализации кои не се веројатно точни за секој вид што постои. Во секој случај, поголемиот број од пајаците кои биле проучени имаат слични диетални и дигестивни навики, со само по неколку варијации прилагодливи на одредениот хабитат кој секој вид го има одбрано.

Слика1Првото нешто кое треба да биде нагласено е тоа дека пајаците се исхрануваат единствено со жив плен (или можеби штотуку/скоро умртвен) и не се мршојадци т.е не се хранат со мртвите останки од пленот. Мнозинството пајаци се храни со инсекти (Сл. 1), но поголемите видови, како тарантулите и најголемите од златните плетачи во својата исхрана вклучуваат и други мали животни како гуштери и жаби и дури мали птици.

Исто така треба да се напомене дека повеќето пајаци преферираат солитарен начин на живот и се подготвени за канибализам доколку се принудени на тоа. Жртвите при ваквата тенденција го вклучуваат дури и мажјакот од истиот вид, доколку не е премногу претпазлив, тој има посебни структури на нозете за да ја држи женката во безизлезна положба додека трае копулацијата, или пак е со многу мали димензии во споредба со неговиот женски двојник, па успева да помине незабележано покрај неа.

Додека некои адултни женки покажуваат мал чин на мајчинско однесување околу нивните штотуку изведени млади, доста е вообичаено за многу единки кои се извеле од коконот да бидат изедени или од адултната женка или да се изедат меѓусебно (послабите од посилните).

И секако, пајаците мораат да бидат претпазливи околу пајаците од различните видови, посебно од тие со долги екстремитети или робустни канџи бидејќи со таквите модификации е возможно да се победи секоја проследена битка.

слика2Салтицидите кои припаѓаат на родот Myrmarachne се типичен пример за пајаци кои ги имитираат мравките. Се чини дека се исхрануваат претежно со мравки и нивниот надворешен изглед го имаат развиено толку слично како тој на мравките (Сл. 2), при што можат да се приклучат кон армија мравки кои се во потрага по храна без притоа да ги алармираат.

Кои анатомски структури ги користи пајакот за ингестирање и дигестирање на храната?

Голем дел од луѓето изразуваат страв од болката при убод од пајак, но реалноста е дека пајаците немаат такви канџи кои би дејствувале на истиот начин како тие на диво куче. Наместо конвенционални т.е вообичаени вилици, пајаците имаат пар хелицери со канџи на нивниот долен дел кои би можеле да ја пробијат човечката кожа. Корисни се за фаќање и имобилизација на пленот, но не се користат за раскинување на инсекти или нивно ингестирање. Од друга страна пак, педипалпите на многу видови поседуваат запци и таквите запци исто како нозете и дури останатите делови од устата на пајакот можат делумно да ги иситнат инсектите, со што го прават полесен пристапот на нивните ткива за дигестија.

Отворот на устата е опкружен со хелицерите од напред и подолу со пар на максили од страните и централна лабиа. Кај повеќето пајаци влезот на устата во внатрешноста е заштитен со испакнати влакна кои ги филтрираат цврстите честички од храната која пајакот се обидува да ја апсорбира, всушност само течните материи влегуваат во дигестивниот систем.

Од устата, дигестивната цевка се упатува наназад во рамки на цефалотораксот до мускулна експанзија често наречена смукачки желудник. Течноста е во состојба да се движи и напред и назад со компресија и всмукување. Ваквиот аранжман му дозволува на пајакот да пумпа дигестивни ензими во пленот и потоа да ја смука течната храна назад во себеси.

Досегашните сознанија индицираат на тоа дека повеќето пајаци немаат плунковни жлезди; тие најверојатно се усовршиле во отровни жлезди. Можно е некои видови да поседуваат едноставни ензим – секреторни жлезди кои го лачат секретот во близина на оралниот отвор, но се чини дека тие се релативно неважни.

Кај мигаломорфите, плунковните жлезди се наоѓаат помеѓу хелицерите, додека кај аранеоморфите тие типично се простираат во предниот дел на цефалотораксот. Тие сè уште, можат да лачат некои дигестивни ензими, но нивен главен извор е несомнено средниот дел од дигестивниот тракт кој е обложен со ензим – секреторно ткиво и служи како главно место за дигестија и апсорпција.

Веднаш зад смукачкиот желудник дигестивната цевка се шири во бројни слепи торбички наречени цека. Овие понекогаш окупираат значајно место од просторот на цефалотораксот; кај некои видови се шират дури до coxae (првиот сегмент од екстремитетот).

Слична, но поусовршена цека е присутна во абдоменот, каде го окупира поголемиот дел од просторот, доколку не се работи за гравидна женка. Клетките кои ги формираат ѕидовите се секреторни и во многу аспекти вкупната абдоминална цекална маса е функционална и понекогаш дури видно слична на црниот дроб од цицачите. Се верува дека лачи дигестивни ензими, кои смукачкиот желудник ги исфрла на или во пајаковиот плен и исто така комплетирајќи ја дигестијата на течната храна, ослободува хранливи состојки и вода во ткивните простори на двата главни дела од телото на пајакот.


Датум на објава:
Jan. 26, 2024, 8:27 a.m.