Датум на објава:
Jan. 26, 2024, 8:27 a.m.
Водените мечиња веќе со години ги збунуваат научниците, преживуваат капење во 100-процентен алкохол, а можат да издржи и температури -278,8 до 150 степени Целзиусови. Иако имаат тело кое наликува на чуден балон со мали ноџиња, тардиградите се бенигни битија кои во главно живеат во вода или во влажни подрачја како олуци, мов и влажни треви.
Постојат повеќе од 800 видови тардигради, а се смета дека се неуништиви бидејќи по потреба можат да паднат во состојба на екстремна хибернација или криптобиоза, вид на цитобиоза, особено кога остануваат без вода. Дури и можат да изгубат повеќе од 99 посто од водата во организмот, без да им биде ништо. Откако ќе паднат во хибернација, метаболизмот им е забавен на 0,01 посто. Дури и ако се замрзнат, речиси можат да живеат вечно.
Малечките водени мечки се најчесто хербивори, но по потреба можат да се хранат и со мали животни. Лицето на воденото мече може да се менува според годишните времиња, односно нивната фацијална метаморфоза следи циркадиски циклуси на водената околина во која живеат.
Водените мечки обично растат милиметар до милиметар и пол, но под екстремен стрес кога ја губат речиси сета вода се многу помали. Поради можноста на промена, хибернација и активно живеење по волја или потреба, можат да живеат и по 200 години.

| Tardigrade Temporal range: Cambrian–Recent | |
|---|---|
| The tardigrade Hypsibius dujardini | |
| Scientific classification | |
| Kingdom: | Animalia |
| Superphylum: | Ecdysozoa |
| (unranked): | Panarthropoda |
| Unranked superphylum: | Tactopoda |
| Phylum: | Tardigrada |
| Classes | |
|
|
Датум на објава:
Jan. 26, 2024, 8:27 a.m.