Основна цел на мамолошката секција е да го утврди присуството на оделни видови крупни и ситни цицачи, како и проценка на нивната област на распространување. Истражувањето на фауната на цицачите се спроведува со помош на следниве методи:
- метод на фото-замки
- метод на пронаоѓање и следење на траги по должина на трасект
- детектор за лилјаци и
- мртволовки и живоловки
Пронаоѓање и следење на траги по должина на трансект е еден од основните методи за утврдување на присуство или отсуство на крупните цицачи. По должината на трансектите се бараат стапки, влакна, измет и други знаци на присуство на крупни цицачи во средината. Освен овој метод, се употребува и методот на фото-замки.
Фото-замката е составена од аналогна камера поставена во заштитна кутија и поврзана со топлински сензор или сензор за движење кој го активира апаратот во моментот кога животното ке помине.
Детекторот за лилјаци е уред кој ги регистрира ултразвуците кои ги испуштаат лилјаците и во зависност од фрекфенцијат ана звукот се индетификуваат родовите или видовите на лилјаците. За истражување на ситните цицачи се употребуваат мртволовки и живоловки, кои се поставуваат на различни локации. Се поставуваат на самрак, а се проверуваат рано наутро. Материјалот се собира и се детерминира. На крај се подготвува извештај со обработени податоци.
Раководител на секција: Андреј Гонев (andrejgonev@hotmail.com)
Ментор на секција: М-р. Ѓорѓе Иванов
[su_posts posts_per_page="35" tax_term="13" tax_operator="0" order="desc"]