За ИДСБ

Датум на објава:
Jan. 26, 2024, 8:27 a.m.

Истражувачко друштво на студенти биолози (ИДСБ) е младинска истражувачка организација, која се занимава со едукација на студентите и членовите во областа на биологијата како и истражување и изучување на биодиверзитетот на Р. Македонија. Формирано во 1995 година од некогашните студенти и демонстратори, а сегашни професори и асистенти на Природно-математичкиот факултет –Скопје, ИДСБ сега претставува единствено младинско-истражувачко друштво во државата, влегува меѓу најстарите младински организации во Македонија, која функционира во континуитет. ИДСБ е структурирано по секции односно во групи во друштвото, кои се занимаваат со истражување на одредена таксономска група. Во друштвото постојано или по потреба фунцкионираат околу петнаесетина секции, кои внатрешно се структуирани со ментори и раководители, кои ја организираат работата во секциите. Ентомолошка (инсекти), алголошка, миколошка (габи), орнитолошка (птици), арахнолошка (пајаци), флористичка, биохемиско-физиолошка, мамолошка (цицачи) и макрозообентос (водни безрбетници) се дел од моментално активните секции. ИДСБ своите активности ги дели во три области и тоа: едукација на членството во однос на применета биологија и екологија, организирање на теренски активности и обуки и публуцистичка дејност. Секоја година ИДСБ организира три теренски истражувачки акции низ државата, од кои две еднодневни и една голема двонеделна истражувачка акција. Овие терени се наменети за теренска едукација на членството како и за можност за колекционирање, евидентирање и архивирање на биолошки материјал, кој по теренските активности, лабараториски се обработува, етикетира и сортира во просториите на Институтот по биологија во ПМФ-Скопје. ИДСБ секоја четврта година издава свое научно списание: „Билтен на Истражувачкото друштво на студенти биолози”, кое објавува трудови од областа на биодиверзитетот. Друштвото, освен научно-истражувачки, организира е едукативно-популарни настани како: едукатувни прошетки, фото-конкурси, предавање на актуелни теми од областа на биологија и екологијата и слично. Мотото на ИДСБ е: Со теорија на терен! Особено значајна е соработката со други институции од земјава и од странство, заради размената на знаења, искуства и резултати од различни области на биологијата. Затоа значајно е да се споменат институциите со кои ИДСБ досега има соработувано: [su_box title="Институти" style="glass" box_color="#40d6ef"] [/su_box] и многу други студентски организации во текот на веќе 26 годишната работа на друштвото.
   

Датум на објава:
Jan. 26, 2024, 8:27 a.m.