Датум на објава:
Jan. 26, 2024, 8:27 a.m.
Во периодот од 10-17.07.2015 дел од Претседателството на ИДСБ оствари еднонеделна истражувачка посета во Р. Хрватска при Едукативната истражувачка акција ,,Папук 2015 `` огранизирана од Истражувачкото друштво на студенти BIUS од Загреб. Како локација беше одбран Паркот на природа Папук, поточно Парк-шумата Јанковац која се наоѓа во централно-источниот дел на Р. Хрватска.
Оваа теренска посета, односно размена е само продолжување на долгогодишната соработка помеѓу овие две регионални младински истражувачки организации кој се одвива на теренско, академско, но и на пријателско ниво.
Во тоа име на 15.05.2015 во склоп со истражувачката акција двете друштва потпишаа соработка во форма на петгодишен Меморандум.
Овој Меморандум е меѓу првите вакви од оваа област во Балканот со што се официјализира долгогодишната и богата соработка.
Со Меморандумот двете друштва се обрзуваат на меѓусебна соработка и подршка во областите на едукација на членството и пошироката јавност во областа на биологија и екологија, промовирање и заштита на регионалниот биодиверзитет како и помагање за подигнување на младинското научно-истражувачкото ниво во регионот.
Се надеваме дека овој Меморандум ќе потикне дополнителна волја за една поголема регионална соработка помеѓу сите младински истражувачки организации.
Биологијата ги познава само природните, а не и геополитичките граници.
Датум на објава:
Jan. 26, 2024, 8:27 a.m.