Датум на објава:
Jan. 26, 2024, 8:27 a.m.
Како резултат на постоечките податоци за флората на Националниот Парк Маврово и истражувањата реализирани во рамките на проектот за изработка на менаџмент план на НП Маврово, вкупниот број на видови од васкуларната флора на територијата на НП Маврово е заокружен на 1,435 видови. Во Annex листата на Растенија (Plantae) нумерирани се вкупно 1,473 таксони (видови и подвидови), додека пониските таксономски категории, како што се вариетет (var.) и форма (f.) не се нумерирани, иако истите се наведени во рамките на повисоките таксономски категории (вид и подвид).
Огромниот диверзитет на растителни видови присутен на територијата на Националниот Парк Маврово, застапен со 1,435 видови претставува 45% од вкупниот број на видови од васкуларната флора регистрирани во Република Македонија.
Дополнително на тоа, флората во НП Маврово се одликува со висок диверзитет на таксони од пониските таксономски категории, при што вкупниот број на таксони кои вклучуваат видови и подвидови е заокружен на 1,473 таксони, додека заедно со вариететите и формите, оваа бројка се искачува до близу 1,600 таксони. Од биогеографски аспект, територијата на Националниот Парк Маврово, во рамките на Република Македонија, претставува матично подрачје на кое се развиваат бројни орео‐тундрални (аркто‐планински) и северни (бореални) флористички елементи.
Од вкупниот број на 1,473 регистрирани видови и подвидови, дури 404 видови и подвидови се вклучени во категоријата на лековити растенија. Покрај високиот диверзитет на видови, втора највпечатлива карактеристика на флората на Националниот Парк Маврово е високиот степен на ендемизам (13 видови), како и присуство на ретки растителни видови (29 видови), кои на целата територија на Република Македонија се регистрирани единствено на локалитети во Националниот Парк Маврово.
Дополнително на тоа, 31 вид на растенија, покрај Националниот Парк Маврово, утврдени се само на уште еден локалитет надвор од Паркот, на целата територија на Македонија. Во рамките на теренските истражувања поврзани со флората, посебно внимание беше посветено на лековитите растенија во границите на НП Маврово, при што беше утврдено присуство на вкупно 404 видови и подвидови на лековити растенија. За најголемиот број на видови на лековити растенија, утврдени се ареалите на дистрибуција во Паркот, како и сознанија за cостојбата на нивните популации.
Листа на растенија со ограничен ареал на дистрибуција, вклучени во категориите на локални ендемити и субендемити
1. Achillea korabensis Кораб; Бистра: Меденица; Дешат Ендемит
2. Crepis macedonica Дешат Ендемит
3. Cynoglossum scardicum Кожа Планина, Врбен, Аџина Река, Царевец, Рибница Ендемит
4. Dianthus macedonicus Дешат; Кораб: Кобилино Поле Ендемит
5. Erysimum korabense Кораб: Кобилино Поле Ендемит
6. Micromeria cremnophila var. glandulosa Трница‐Волковија; Радика: Пилана‐Сенце Ендемит
7. Ranunculus carinthiacus subsp. austroorientalis Дешат: над село Битуше Ендемит
8. Ranunculus degenii var. degenii f. degenii f. pilosa Кобилино Поле Дешат: над село Битуше (1,850‐2,000 m) Ендемит
9. Ranunculus wettsteini Кораб: Кобилино Поле‐Мала Корабска Врата Ендемит
10. Viola gostivarensis Кожа Планина; Врбен, Бистра: меденица Ендемит
11. Draba korabensis Кораб: врв; Дешат Субендемит
12. Festuca korabensis Кораб: Кобилино Поле Субендемит
13. Sesleria korabensis Кораб: Кобилино Поле; Бистра: Меденица Субендемит |
Листа на растенија чие единствено наоѓалиште во Република Македонија се наоѓа на територијата на Националниот Парк Маврово (MK 1)
1. Vicia sparsiflora Маврово: Кичиница
2. Vicia montenegrina Маврово: Врбен‐Динговска Црква
3. Genista tinctoria var. tinctoria Маврово: Мавровско Поле
4. Potentilla palustris Долно Луково Поле
5. Dianthus barbatus Долно Луково Поле; Торбешки Мост
6. Anthriscus fumarioides Горна Радика
7. Swertia punctata Торбешки Мост; Кораб
8. Alchemilla exigua Бистра
9. Colchicum pieperanum Бистра: Меденица
10. Astragalus creticus subsp. rumelicus Бистра: Сенце
11. Cerinthe glabra Кораб (2,460 m)
12. Matricaria caucassica Кораб: Кобилино Поле
13. Senecio glaberrimus Кораб: Мала Корабска Врата
14. Valeriana bertiscea Кораб (2,460 m)
15. Saxifraga moschata Кораб: Мала Корабска Врата; Кобилино Поле
16. Vaccinium uliginosum var. frigidum Кораб
17. Linum aroanum Дешат: Високопланински појас
18. Potentilla tabernaemontani Дешат: Високопланински појас
19. Potentilla tabernaemontani var. pilosa Дешат
20. Alchemilla glabra Дешат; Бистра
21. Rumex balcanicus Долно Луково Поле; Бистра: Тонивода
22. Tragopogon orientalis Маврово: Врбен; Бистра: Беличица
23. Trifolium spadiceum Маврово: Врбен; Бистра: Галичник
24. Ranunculus carinthiacus subsp. austroorientalis Дешат: над село Битуше
25. Ranunculus demissus var. major Кораб: Кобилино Поле‐Мала Корабска Врата
26. Potentilla crantzii var. baldensis Дешат
27. Saxifraga marginata var. balcanica Мавровска Река; Аџина Река; Пилана‐Сенце
28. Rosa sicula Врбен; Русин Брдо; Кораб: Длабока Река, Кобилино Поле
29. Saxifraga grisebachii var. montenegrina Трница‐Пилана; Аџина Река; Бистра; Кораб; Дешат |
Листа на растенија кои освен во Националниот Парк Маврово се утврдени само на уште еден локалитет во Република Македонија (MK 1‐2)
1. Alkanna scardica Дешат
2. Cerastium eriophorum Кораб
3. Cicerbita pancicii Бистра, Дешат
4. Draba lacaitae Кораб: Кобилино Поле
5. Sempervivum macedonicum Дешат
6. Swertia punctata Торбешки Мост
7. Arabis surculosa Кораб
8. Minuartia doerfleri Бистра: Чурков Дол
9. Thalictrum alpinum Кораб
10. Fritillaria macedonica Дешат
11. Fritillaria sp. Враца, Аџина Река, Чурков Дол, Кобилино Поле
12. Minuartia juniperina Бистра:Чурков Дол
13. Astragalus gremlii Дешат
14. Salix herbacea Кораб: под врвот
15. Acantholimon androsaceum Бистра: Чурков Дол
16. Salix elaeagnos subsp. elaeagnos Врбен, Тресонечка Река, Стрезимир: Караула, Жировница
17. Picea abies Аџина Река, Стрезимир
18. Ranunculus aquatilis Мавровско Поле
19. Viola pyrenaica Бистра
20. Saxifraga androsacea Кораб
21. Epilobium anagallidifolium Кораб: Кобилино Поле
22. Seseli libanotis Аџина Река
23. Alchemilla catachnoa Маврово
24. Saxifraga aizoides Кораб: Танушане
25. Epilobium nutans Дешат: Локув
26. Oxytropis campestris Кораб: Високопланински појас
27. Cardamine enneaphyllos Маврово
28. Silene saxifraga subsp. saxifraga var. petraea Маврово, Горна Радика
29. Ptilotrichum rupestre var. scardicum Бистра: Меденица, Ќурков Дол
30. Saxifraga oppositifolia var. meridionalis Кораб
31. Limosella aquatica Бистра: Тони Вода |
Лековити растенија чии наоѓалишта се ретки во Паркот
1. Сириштарка Great Yellow Gentian Gentiana lutea subsp. symphyandra
2. Шарпланински чај Mountain Tea Sideritis scardica
3. Горчлива детелина Buckbean Menyanthes trifoliata
4. Триделен модрец Common Hepatica Hepatica nobilis
5. Смрча Norway Spruce Picea abies
6. Пиженце Moschatel Adoxa moschatellina
7. Генцијана Star Gentian Gentiana cruciata
8. Свертиа Felwort Swertia punctata
9. Коњски костен Horse‐chestnut Aesculus |
Датум на објава:
Jan. 26, 2024, 8:27 a.m.