Истражувачка акција - Илинска планина 2008

Датум на објава:
Jan. 26, 2024, 8:27 a.m.

Истражување на биодиверзитетот и биокоридорите на Илинска Планина


Во јули 2008 година, на падините на Илинска Планина се одржа летната повеќедневна акција, како дел од проектот “Истражување на биолошката разновидност и биокоридорите на Илинска планина и обука на млади истражувачи за заштита на природата”.

Овој проект беше спроведен од страна на ИДСБ и е потпомогнат од Министерство за животна средина и просторно планирање.

На акцијата учествуваа 50 студенти и професори од Природно математичникот факултет од Скопје, како и гости од другите биолошки факултети и средни училишта од Бугарија, Црна Гора и Хрватска.

Истражувачките теренски активности се одвиваа во рамките на потребите на различните секции од областа на биологијата како: алгологија, микологија, пределна екологија и ботаника, ентомологија, арахнологија, херпетологија, орнитологија, мамологија и биохемиско-физиолошка секција.

Во текот на истражувачката акција беа изработени теренски карти на кои беа бележани пешачките патеки по кои се движеа групите, на што претходеше дигитализација на патиштата во и околу истражуваната област. Дел од собраните примероци и материјали од различните секции се обработуваа на терен,а дел во лабораториите на Институтот за биологија на Природно математичкиот факултет.


Датум на објава:
Jan. 26, 2024, 8:27 a.m.