Извештај - Миколошка секција (Кораб, 2013 год.)

Датум на објава:
Jan. 26, 2024, 8:27 a.m.

Извештај за миколошката секција од повеќедневната теренска активност 


Кораб (08-22.07.2013 год.)


Повеќедневната теренска активност на Истражувачко друштво на студенти биолози се реализираше на планината Кораб која се наоѓа во крајнот западен дел на Република Македонија, долж македонско-албанската граница. Таа се издига од десната долинска страна на реката Радика и е дел од Националниот Парк Маврово.

Теренските активности беа изведени на следниве локалитети: Стрезимирски Чам, Пројжаба, Аџина река, Црн Камен, Торбешки мост, Караула Победа, Бродечки манастир, Штировичка река, Долно Луково поле.

Миколошкиот тим ги спроведе теренските истражувања на различни супстрати, на листопадни и иглолисни видови дрвја. Така, најголемиот број видови беа собрани на Fagus, а што се однесува до иглолисните видови, материјалот беше собран на Abies.

Прекрасно беше искуството да се биде дел од оваа 19-та по ред научно-истражувачка акција на планината Кораб. Големо беше задоволството, со оваа научно-истражувачка акција, како миколошки тим да придонесеме да го збогатиме диверзитетот на видови на габи од оваа извонредна природа. Целиот документ можете да го погледнете подолу на линкот во pdf форма.


Превземете го документот


ГАЛЕРИЈА


[espro-slider id=1681]


Датум на објава:
Jan. 26, 2024, 8:27 a.m.