Истражувачка акција: Клепало 2015 година

Датум на објава:
Jan. 26, 2024, 8:27 a.m.

Истражувачка акција – Клепало 2015- 08.-22.07.2015, Клепало, Берово

Во периодот од 08.-22.07.2015 година се одржа 21-та научно-истражувачка акција на ИДСБ – Клепало 2015.

Оваа петнасетдневна акција се одвиваше во источниот дел на државата, односно во срцето на Малешевијата, на јужната страна на Малешевските Пл. Научно-истражувачкиот камп беше поставен во Вила Клепало, на неколку километри од Берово, близу бугарско-македонската граница. На оваа акција учество земаа околу 40-сетина членови, како и членови-гости, професори и стручни соработници.

На акцијата учество земаа професори и асистенти од ПМФ-Скопје, претставници од Институтот за екологија и еволуција при Бугарската Академија на Науките, професори од Институтот по биологија-ПМФ-Белград, како и членови на Македонското Еколошко Друштво. На оваа акција беа остварени 12 дневни терени со просечна километража од 15 км со што беше опфатен речиси целиот регион кој беше планиран.

Во склоп на овој терен се одржа и тридневно кампување на локалитетот Ченгино Кале, со што движејќи се неколку дена по бугарско-македонската граница успеавме да дојдеме до најисточната точка на Македонија.

За време на теренот се колецнионираше ентомолошки материјал, кој во импровизираната лабараторија во кампот се детерминираше и препарираше.

Освен тоа се колекционираше и растителен материјал како и габи. Во втората половина од акцијата се вклучи и секцијата за цицачи кој поставуваше фото-замки за групни и стапици за мали цицачи.

На акцијата се идентификуваа голем број на видови и претставници од локалниот растителен и животински диверзитет со забележување на неколку регионални, национални и локални ендемити. Во наредниот период очекувајте ги извештаите од сите секции.

Со истражувачки поздрав, Со теорија на терен

ГАЛЕРИЈА

Истражувачка акција – Клепало 2015-08.-22.07.2015Клепало, БеровоВо периодот од 08.-22.07.2015 година се одржа 21-та н...
Posted by Истражувачко Друштво on Saturday, July 25, 2015

Датум на објава:
Jan. 26, 2024, 8:27 a.m.