Прва еднодневна истражувачка акција – Слан Дол 2015 г.

Датум на објава:
Jan. 26, 2024, 8:27 a.m.

[su_note note_color="#7bd9dd" text_color="#181313" radius="9"]

Прва еднодневна истражувачка акција  

"Слан Дол" - 2015 година

[/su_note]


11160176_10203968745115014_1830058075_nНа 26.04.15 (недела) ИДСБ ја организираше првата еднодневна истражувачка акција во областа Слан Дол, близу Штип. Оваа акција беше прв официјален терен на Друштвото за оваа година. На терен присуствуваа околу педесетина члена кои поделени во неколку секции колекционираа материјали, фотографираа и означуваа и мапираа различни станишта како и животински и растителни видови.

На овој терен се приклучија и членовите од Македонското еколошко друштво кои со своето знаење дополнително придонесоа за квалитетот на теренската активност.

Рутата беше во правец Софилари-Слатина-Пенуш со неколку кратки паузи и кратки предавања од страна на проф. Славчо Христовски околу овој регион и биодиверзитетот во него. По пат застана да се разгледаат и неколку фосилни наоѓалишта типични за ова подрачје. Во првата етапа од теренот се дојде на бреговите на р. Брегалница која го дели Слан Дол од Овче Поле. Теренот заврши со пауза и краток престој во с. Пенуш, веднаш до песочниците по бреговите на р. Брегалница.

[su_note note_color="#7bd9dd" text_color="#181313" radius="9"]                                                          ПОГЛЕДНИ ЈА МАПАТА[/su_note]

[showmap address="Slan Dol" marker="1" caption="Slan Dol" map="ROADMAP" zoom="12" scroll="1" street="1" zoomcontrol="1" pan="1" mapcontrol="1" overview="1"]

[su_note note_color="#7bd9dd" text_color="#181313" radius="9"]                                                                        ГАЛЕРИЈА[/su_note]

[su_carousel source="media: 1026,1025,1024,1023,1022,1021" limit="49" width="860" height="600" items="1" title="no"]


Датум на објава:
Jan. 26, 2024, 8:27 a.m.