Резултати од конкурсот за Биофотографија 2015 година

Датум на објава:
Jan. 26, 2024, 8:27 a.m.

На овогодинешниот Конкурс за биофотографија организиран од Истражувачкото друштво на студенти биолози на тема Микро свет се пријавија околу четириесетина автори со околу педесетина дела.  Како главен мотив на делата беа било какви видови на безрбетници: инсекти, пајаци, скорпии, полжави, црви сл. Најдобрата биофотографија се избираше преку три процеси и тоа:
  • Гласови на FB-страната на Конкурсот,
  • Преку гласови од жирите во состав; Ирена Јовановска (Ирена Мила)-фотограф, биолог и Елена Фидановска.
  • Последниот глас го даде Претседателството на ИДСБ според тоа колку пријавените фотографии технички и тематски одговараат на овогодинешниот конкурс.
За првите три пласирани следуваат награди. За прво пласираниот, безплатен ваучер за посета на летната истражувачка експедиција на ИДСБ, второ наградениот, ваучер за еднодневна истражувачка акција  и трето наградениот мал истражувачки-теренски пакет. Овогодинешните најдобропласирани се:
  • 1 место: Бранко Данилов
foto1
  • 2 место: Ристе Камчев
foto2
  • 3 место: Џенан Ризвановиќ
  foto3

Датум на објава:
Jan. 26, 2024, 8:27 a.m.