МЕД: Фото конкурс - Балканскиот зелен појас 2016

Датум на објава:
Jan. 26, 2024, 8:27 a.m.

[su_note note_color="#e3e1e1" text_color="#181313" radius="9"]

Направете донација за Истражувачкото друштво на студенти биолози

[su_row][su_column size="1/2"][wp_paypal_payment][/su_column]

[su_column size="1/2"]

Со секоја ваша донација овозможувате и придонесувате дополнителна флексибилност и одржување на друштвото.  Ви благодариме.

За подетални информации околу друштвото прочитајте тука, или посетете ја нашата фејсбук група.

И Д С Б

[/su_column] [/su_row]

[/su_note]

Во рамките на Балканскиот зелен појас, дел од иницијативата Европски зелен појас, во секоја од деветте држави на Балканот се организираат фото конкурси на тема мотиви од зелениот појас. Македонското еколошко друштво, како членка на асоцијацијата Европски зелен појас, заедно со Еуронатур од Германија го најавува првиот фото конкурс на оваа тема, кој ќе трае до 30 јуни, 2016 година.

Што е тоа Зелен појас?


Мрежа која ги поврзува пограничните региони со исклучителни природни вредности сочувани долж некогашната „железна завеса“ со цел нивна заштита. Забранетата зона помеѓу истокот и западот за време на студената војна создала диви предели кои кријат голем број ретки и загрозени видови.

Огромен број птици и други видови животни и растенија кои се наоѓаат на црвената листа го нашле својот дом по должината на Зелениот појас. Зелениот појас минува низ 24 земји и се протега од Баренцовото Море па сѐ до Црното Море. Поделен е на четири дела: Феноскандинавски, Балтички, Централно-европски и Балкански зелен појас.

Границите на балканските земји иако не биле директно зафатени од студената војна исто така биле чувани под строга контрола. Овие изолирани предели кои не биле зафатени од човечки активности создале различни типови на живеалишта кои меѓусебно се надополнуват и поврзуваат на начин кој им дозволува природен развој и движење на дивите видови.

По должината на Зелениот појас се испреплетуваат различни типови на живеалишта и екосистеми кои се менуваат од континентални до медитерански, од низински до планински. Од друга страна, со интензивното искористување на земјиштето од страна на луѓето за различни цели надвор од овие граници, довело до нарушување на биологијата на голем број видови кои морале да најдат свое прибежиште во сочуваните предели на „железната завеса“.

Во Македонија Зелениот појас ги опфаќа трите државни граници со Бугарија, Грција и Албанија.

Во Зелениот појас на Македонија влегуваат следните подрачја:

Шар Планина, Националниот Парк Маврово, Стогово, Јабланица, Охридско-Преспанскиот Регион, Баба Планина, пограничниот дел на Пелагонија, Ниџе, Козјак, Кожуф, пограничниот дел од Гевгелиско-Валандовското Поле, Дуб, Дојранско Езеро, Боска, Беласица, Моноспитово Блато со пограничниот дел на Струмичко Поле, пограничниот дел на Огражден, пограничниот дел на Малешевски Планини, Влаина Планина, Осоговски Планини, Билина Планина.

Повеќе информации за начинот и правилата на учество на Фото конкурсот може да се најдат тука.


Датум на објава:
Jan. 26, 2024, 8:27 a.m.