Датум на објава:
Jan. 26, 2024, 8:27 a.m.
На ден 04.03.2016та година (недела) ИДСБ ја организираше првата подготвителна еднодневна истражувачка акција на кањонот Матка. Оваа акција беше прв официјален терен на Друштвото за оваа година и беше наменета како за постарите, така и за новите млади членови на друштвото.
На терен присуствуваа околу 40 члена кои поделени во неколку секции колекционираа материјали, фотографираа, и одредуваа како растителни така и животински видови. Овој терен се одвиваше во подрачјето на манастирот Св. Никола Шишевски, во близината на селото Шишево, високо над карпите во кањонот Матка од десната страна на реката Треска.
Датум на објава:
Jan. 26, 2024, 8:27 a.m.