Датум на објава:
Jan. 26, 2024, 8:27 a.m.
Во период од 07.07.2018 до 22.07.2018 година на Шар Планина, поточно Попова Шапка беше организиран 25-ти по ред истражувачки камп за студентите од Институтот за биологија. Шар Планина е еден од најголемите и највисоките планински масиви во Македонија и припаѓа на Шарско-пидинскиот планински систем и спаѓа во малди верижни планини.Шара се протега во правец североисток-запад-југозапад, а се наоѓа во северозападниот дел на Р.Македонија.
Започнува од реката Лепенец и Качаничката Клисура на североисток, на исток границата е определена со Полошката котлина, на југозапад Штировичката Река и изворите на Радика, на југ изворот на реката Вардар – Вруток, а на запад - надвор од територијата на Македонија, со Сириничката Жупа, реката Призренска Бистрица и нејзината долина, и жупите Гора и Опоље во Косово; додека пак, во Албанија се простира од планината Калабак до Шерупа.
Вкупната ширина изнесува од 10 до 25 км, а вкупната површина што ја зафаќа шарпланинската област изнесува 1.600 км². Шарпланинското било е благо наведнато, заокружено, добар дел рамно, а понекаде и слегнато. Гледано од рамнината, Шар Планина има изглед на питома, лесно браносана планина, со средна висина.
Меѓутоа, сепак, таа е релативно висока планина, која освен со чудесните богатства кои ги поседува, таа привлекува и со грамадноста на својата маса. Општиот изглед на Шара најсилно е изразен од југоисточната страна, каде што над тетовската котлина планината се издига до релативна височина од 2125 м.
По однапред утврдени рути беа посетени следниве поистакнати локалитети: Титов Врв (2748 м),Церипашина (2525 м),Боговињско езеро (1936 м), Јелачки црн врв, Плат (2398м) , Лешница.
[gallery type="slideshow" link="none" size="large" ids="17198,17199,17200,17201,17202,17203,17204,17205,17206"]На ова истражувачка акција учествуваа околу 50-тина луѓе.Покрај студентите биолози, имавме гости од Косово,студенти од Истражувачко здружение на студенти географи "Природник"-Скопје,професори и асистенти Природно-математичкиот факултет во Скопје, како и стручни соработници од природонаучниот музеј во Скопје,Бугарската академија на науки и Македонското еколошко друштво.
Овој терен е наменет за теренска едукација на членството како и за можност за колекционирање, евидентирање и архивирање на биолошки материјал.
На акцијата активни беа 8 секции: мамолошка, херпетолошка, алголошка, ентомолошка, орнитолошка, миколошка, флористичка и биохемиско-физиолошка.
Па така по теренските активности беа евидентирани неколку регионални, национални и локални ендемити и сите колиционирани материјали од ова акција подоцна ќе подлежат на дополнителни лабараториски обработувања, етикетирања, а подоцна и сортирање во самите простории на Институтот по биологија во ПМФ-Скопје.
[gallery type="slideshow" size="large" link="none" ids="17207,17208,17209,17210,17211,17212,17213,17214"]Ова година во период од 16.07.2018 до 20.07.2018 во склоп на самата акција учествува и истражувачи и студенти од Црна Гора,Босна и Херцеговина и Албанија преку проектот “Birds Without Borders-BWB”. Најпрво учесниците имаа прилика да се запознат со важноста на самиот локалитет на кој и воедно беше организиран кампот.
Учествуваа во оринитолошките работилници односно терени на Баубинова стена и долината Лешница која се наоѓа во средишниот дел на Шар Планина во пределот на највисоките шарски врвови помеѓу врвовите Среден Камен и Плат и присуствуваа неколку презентации од страна на наши експерти.
Учеството на гостите е поддржано од страна на Western Balkans Fund во рамки на проектот “Birds Without Borders-BWB”кои Македонското Еколошко Друштво и Истражувачкото друштво на студенти биолози го организира со останатите организиации од регионот кои исто така се занимаваат со заштита на птици: Центар за заштита и проучување на птици од Црна Гора,Орнитолошко здружение “Наше птице” oд Босна и Херцеговина и Друштвото за заштита на природата на Албанија.
[gallery type="slideshow" size="large" link="none" ids="17215,17216,17217,17218,17219,17220,17221,17222,17223,17224,17225,17226,17227,17228"] Овогодинешната истражувачка акција на ИДСБ финансиски и логистички беше поддржана преку проектот: “Birds Without Borders-BWB” financed by the Western Balkans Fund (WBF).Датум на објава:
Jan. 26, 2024, 8:27 a.m.