Голема истражувачка акција - Јабланица 2024

Датум на објава:
June 28, 2024, 3:17 p.m.

Истражувачкото друштво на студенти биолози со големо задоволство ја најавува овогодинешната Голема истражувачка акција.

Акцијата ќе се спроведе во периодот од 10.07.2024 - 25.07.2024 година на планината Јабланица. Акцијата ќе изобилува со најразлични теренски активности и ќе има за цел да ги рекапитулира сите стекнати вештини, теорија и знаења и истите да ги преточи во истражувачка пракса. Ова ќе овозможи истражување и проучување на биодиверзитетот, што ќе снабди податоци кои ќе помогнат во зачувување на подрачјето.

Теренските активности бараат физичка подготвеност и издржливост како и знаења во областа на истражувањата и праксата на истите. Токму затоа ќе се изврши строга селекција на оние кои ќе се пријават. За селекцијата, ќе се земе предвид севкупната досегашна активност: терени, предавања и сите други активности на кои учествуваше или ги организираше ИДСБ. Понатаму, предност ќе имаат и оние кои ќе бидат присутни на целата акција (сите 15 дена).

Секој кој ќе биде избран, ќе мора да плати котизација од 1500 денари - притоа напоменуваме дека сумата останува иста, независно од тоа дали некој ќе седи 5, 10 или 15 дена! Исто така најмал број за денови на учество е 5 дена!

Со избраните учесници ќе се одржи координативен состанок, на кој акцијата ќе биде објаснета до најдробни детали. Состанокот ќе се одржи на 08.07.2024 (понеделник), два дена пред акцијата!

Бројот на избрани е ограничен, а рокот за пријавување трае до 05.07.2024 (петок) до 12.00 часот (напладне) а иститот ден ќе бидат објавени прифатените апликации! Можете да се пријавите овде.

До сите љубители на природата, биологијата и истражувањето,
Ве очекуваме!


Датум на објава:
June 28, 2024, 3:17 p.m.