Датум на објава:
May 12, 2025, 2:21 p.m.
Пролетта брзо минува, но со тоа ни донесува нови и возбудливи теренски истражувања.
Втората еднодневна истражувачка акција ќе се одржи по текот и во околината на реката Тополка во Велес. Оваа еднодневна истражувачка акција има за цел да ги зајакне теренските вештини и способности на новите членови и да им помогне почесто да ги практикуваат методологиите со кои беа запознати на првата демонстрациска еднодневна акција.
Поаѓањето ќе биде со ВОЗ, во недела на 18.05.2025 година во 6.20 часот наутро. Овој викенд, картите за воз се БЕСПЛАТНИ ЗА СИТЕ МЛАДИ ДО 26 ГОДИНИ. Со вас ЗАДОЛЖИТЕЛНО НОСЕТЕ ДОКУМЕНТ ЗА ЛИЧНА ИДЕНТИФИКАЦИЈА. Само на тој начин ќе можете да добиете бесплатен влез, во спротива ќе морате да наплатите за истиот.
И покрај тоа што е бесплатна картата мора да се набави долу така што НАЈДОЦНА ДО 6:00 ЧАСОТ ТРЕБА ДА СИТЕ ДА НАБАВИМЕ КАРТИ. Бидејќи групата на теренските истражувања знае да биде поголема, ве ургираме да бидете навремени за да не го испуштиме возот.
Теренската рута ќе започне со симнување на железничката постојка во Велес. По симнувањето веднаш ќе се упатиме пеш до местото каде што се влива реката Тополка во Вардар, каде има паркинг место и каде што е црквата Света Ана. Овде ќе се пречекаме со сите кои ќе дојдат со сопствен превоз како и со дел од менторите за акцијата. Понатаму теренската рута ќе продолжи со истражување на околината на реката Тополка.
Во прилог е линк од собирната локација: https://maps.app.goo.gl/g5Wv5iX4HEx8WdFc6
НАПОМЕНА: земете си повеќе ХРАНА и ВОДА, често се случува возните линии да бидат и поспори на враќање во Скопје.
НАПОМЕНА 2: ве замолуваме ЗАДОЛЖИТЕЛНО да носете СООДВЕТНИ ОБУВКИ и ПАНТАЛОНИ на теренот. Станува збор за терен кој се одржува во месец мај, кога вегетацијата е бујна и најголемиот дел од фауната веќе е излезена на убавото време. За да се избегне секаков инцидент, на вас мора да имате соодветна теренска опрема.
НАПОМЕНА 3: Секој со себе ЗАДОЛЖИТЕЛНО да носи и КАБАНИЦА и дополнителни парчиња ТОПЛА ОБЛЕКА. Временските услови СЕ СЕКОГАШ НЕПРЕДВИДЛИВИ!
НАПОМЕНА 4: ВЕ ЗАМОЛУВАМЕ ДА БИДЕТЕ НАВРЕМЕНИ И ДА НЕ ДОЦНИТЕ ЗА ДА НЕ ГО ИСПУШТИМЕ ВОЗОТ!
Што сè друго би требало да се понесе на терен можете да видете на постот на оваа страна насловен како Совети за теренска опрема.
Ве замолуваме да го пополнете вашето присуство овде.
Потсетник: на оваа истражувачка акција можете да ја обновите членарината доколку досега не сте го сториле тоа.
Ве очекуваме во што е можно поголем број и стари и нови членов.
Датум на објава:
May 12, 2025, 2:21 p.m.