Прва еднодневна истражувачка акција - 2026

Датум на објава:
March 19, 2026, 7:20 p.m.

ИДСБ официјално ги започнува своите истражувања за 2026 година.

По тој повод, ве известуваме дека ќе се одржи првата демонстрациска еднодневна истражувачка акција. Акцијата е наменета за сите нови членови, со цел да се запознаат со постарите членови, раководителите на секциите и менторите, како и со теренската методологија и начинот на функционирање на ИДСБ на терен.

Акцијата ќе се одржи на 28.03 (сабота), со поаѓање во 7:10 часот од Транспортниот центар, со автобус број 65.

Теренската рута започнува од селото Раштак и продолжува по планинските патеки на Скопска Црна Гора, сè до Раштачки Бачила.

Ги замолуваме сите кои ќе користат ЈСП превоз да бидат кај Транспортниот центар најдоцна до 7:00 часот.

Теренот е лесен, со вкупна должина од 12 километри и е наменет за нови и неискусни истражувачи. Потребно е да понесете најмалку 2,5 литри вода и доволно храна,а препорачливо е со себе да имате и јатки, суво овошје и енергетски барови.

Потребна опрема:

  1. високи обувки
  2. комплет за прва помош
  3. водоотпорна јакна
  4. резервна храна за секој случај
  5. челна ламба

Ве замолуваме да го потврдите вашето присуство на следниот линк.

Потсетник: За време на оваа истражувачка акција ќе можете да ја обновите членарината, доколку досега не сте го сториле тоа.

Ве очекуваме!


Датум на објава:
March 19, 2026, 7:20 p.m.