Датум на објава:
Jan. 26, 2024, 8:27 a.m.
На 22.042017 (сабота) се одржа првата еднодневна истражувачка акција за оваа година. На теренот присуствуваа 30 активни членови на ИДСБ. Се патуваше со воз, до стојалиштето Кадина Река. Времето беше сончево и ведро, но студено со максимална температура до 15 степени целзиусови. При рутата на движење, го видовме вливот на Кадина Река во реката Вардар, се движевме низ различни хабитати и пристигнавме до работ на селото Смесница.
Кадина река се наоѓа помеѓу планините Китка и Голешница јужно од Скопје а северно од Велес. Извира под врвот Убава на мокра планина на 1900 мнв, а во Вардар се влива во Таорската клисура на 212мнв. Таа е десна притока на Вардар, долга 34 км. Во горното течение Кадина Река протекува во правец југ-север, во средното и долното течение протекува во правец запад-исток.
Кадина Река има повеќе притоки, но нивниот распоред е асиметричен, бидејќи бројот на притоките од десната осојна страна е поголем, а од левата страна се влева само една река. Најголема десна притока е Мала Река. Единствената лева притока на Кадина Река е Салакова Река. Течејќи низ клисурест карпест предел се влева во реката Вардар во близина на селото Смесница. Кадина Река во нејзиниот долен тек, достигнува длабочина од 2 до 4 метри.
Поради малубројната населеност на нејзината долина на што се должи чистината на нејзината вода, во осумдесетите години на ХХ век, во план била изградба на вештачка акумулација во нејзиниот горен тек помеѓу селата Алдинци и Палиград, која требала да се користи за вода за пиење за градот Скопје, наводнување и за потребите на фабриката ОХИС.
Изградба на вештачко езеро на Кадина Река, со намена за наводнување и водоснабдување на Скопското поле, е предвидена и во Просторниот план на Република Македонија за периодот 2002-2020
На теренот раководителите и менторите на секциите заедно со своите членови колекционираа материјал, кој подоцна ќе биде анализиран, етикетиран и архивиран. Во тој контекст, каде тоа ќе е возможно, ќе следат посебни извештаи по секции.
Датум на објава:
Jan. 26, 2024, 8:27 a.m.