Ве повикуваме на есенски терен на Серменинска Река, во С. Серменин, Гевгелија, по повод Денот на отстранување на браните, организиран во соработка со Македонското еколошко друштво и организацијата Dam Removal Europe, на 25.10.2025 (сабота).
Теренот ќе се состои од прошетка по течението на реката на која ќе забележуваме и проценуваме фактори кои влијаат врз здравјето на речниот екосистем. По теренскиот дел, во Гевгелија ќе се одржи дискусија за собраните податоци и трибина, односно кратко предавање за крајречни заедници од страна на проф. д-р Митко Караделев.
Здравјето на екосистемот ќе го процениме преку забележување на притоки и утоки, брани, ѓубре или било какви други антропогени влијанија. Исто така, ќе мериме параметри како температуа, рН и сл. и ќе согледаме каков е биодиверзитетот во и околу реката.
Со оглед на тоа дека реката е долга, ќе бидат конструирани 3 групи кои ќе го истражуваат горниот, средниот и долниот тек на реката соодветно. Секоја група ќе биде однесена до точката на почеток на нејзиниот дел од реката и земена од крајната (што значи дека секој тим ќе изоди околу 7-8 километри).
Во врска со тоа какви мерења ќе правиме, ќе разговараме пред почетокот на самиот терен но ве охрабруваме бидејќи тоа ќе бидат постапки кои ќе демонстрираме како се изведуваат и истите се доста лесни.
Иако прогнозата е на наша страна, препорачуваме да си понесете топла облека, водоотпорни чевли и кабаница како и водоотпорна јакна. Должината на самиот терен е околу 4 ч. (без патот со комбе и предавањето) така што, понесете си доволно вода за пиење и храна со себе.
Поаѓањето ќе биде во 6:30 часот на паркингот пред Хотел Континентал. Доколку планирате да доаѓате со сопствен превоз ве замолуваме тоа задолжително да го означите во пријавата. Враќањето ќе биде во попладневните часови согласно реализацијата на активностите. Линкот на собирното место е овде.
Бројот на учесници е ограничен.
Ве очекуваме!