Датум на објава:
June 7, 2025, 8:48 p.m.
Со големо нетрпение ја дочекуваме третата еднодневна истражувачка акција. Овој истражувачки терен ќе се одржи на Патишка Река на 14.06.2025 (сабота). Истражувачката акција ќе ги доусоврши методолигиите со кои студентите се запознале на претходните терени.
Поаѓањето ќе биде во 6.00 часот наутро со превоз организиран од ИДСБ. Бројот на места со овој превоз е ограничен. Поради тоа, ќе биде извршена селекцја на учесници согласно нивни досегашни активности и земени учества. Со превозот ќе се оди до Патишка Река, до селото, а истовремено со превозот на ИДСБ ќе тргнат и оние кои се со сопствен превоз. Оние кои ќе дојдат со сопствен превоз ќе мора да го остават возилото во селото! Од овде групата заеднички ќе се упати по висините и ќе измине рута од 15тина километри.
Организираниот превоз ќе не однесе до селото а потоа ќе не врати до Скопје.
За конкретна локација за поаѓање од Скопје ќе добиете дополнителен мејл!
НАПОМЕНА 1: земете си повеќе ХРАНА и ВОДА, особено вода, температурите стануваат се повисоки и повисоки.
НАПОМЕНА 2: ве замолуваме ЗАДОЛЖИТЕЛНО да носете СООДВЕТНИ ОБУВКИ и ПАНТАЛОНИ на теренот. За да се избегне секаков инцидент, на вас мора да имате соодветна теренска опрема.
НАПОМЕНА 3: Секој со себе ЗАДОЛЖИТЕЛНО да носи и КАБАНИЦА и дополнителни парчиња ОБЛЕКА. Временските услови СЕ СЕКОГАШ НЕПРЕДВИДЛИВИ!
НАПОМЕНА 4: ЗА ОВОЈ ТЕРЕН, ЗАДОЛЖИТЕЛНО ЗЕМЕТЕ ФАКТОР ЗА СОНЦЕ, МАРАМА, КАПА ИЛИ БИЛО КАКВА ДРУГА ЗАШТИТНА ОБЛЕКА!
Што сè друго би требало да се понесе на терен можете да видете на постот на оваа страна насловен како Совети за теренска опрема.
Ве замолуваме да го пополнете вашето присуство овде.
Потсетник: И на оваа истражувачка акција можете да ја обновите членарината доколку досега не сте го сториле тоа.
Ве очекуваме во што е можно поголем број и стари и нови членови <3
Датум на објава:
June 7, 2025, 8:48 p.m.