Датум на објава:
Jan. 26, 2024, 8:27 a.m.
Редот Filicales е голема група од вишите растенија, кои се широко распространети на целата земјина површина. Поголемиот број од папратите се тревести растенија, со еден вертикален или хоризонтален ризом и најчесто се слабо разгранети. Кај нив, на врвот од стеблото се развива сноп од повеќе перести или пересто насечени листови.
Листовите додека се наоѓаат во пупка се спирално свиткани. Свиткувањето на листовите се должи на побрзото растење на долната страна од листот додека е во пупка. При одвиткувањето на листот, растењето се изедначува.
Кај претставниците кои се сретнуваат на територијата на Македонија, листовите во текот на зимата не презимуваат. Спорангиумите секогаш се образуваат на долната страна од листовите, застапени во голем број. Претставниците од редот Filicales се изоспорни растенија.
Папратите кои се застапени на територијата на Македонија, најчесто се развиваат во влажните шуми и се многу чувствителни на недостигот на влага, но сепак, застапен е и голем број на претставници кои се развиваат и на многу суви станишта.
Некои видови од папратите имаат космополитско распространување, додека некои од нив претставуваат ендемити. Така на пример, Asplenium macedonicum претставува локален македонски ендемит и многу ретко растение. Се развива во пукнатини на гранитни блокови. Неговото распространување е ограничено во околината на Прилеп – Маркови Кули, Трескавец, Селечка Планина.
[caption id="attachment_1238" align="alignnone" width="750"] Сликано во Мариово, над Село Штавица. Гранитни карпи[/caption]Класификација
Класа | Leptofilices |
Ред | Filicales |
Фамилија | Aspleniaceae |
Род | Asplenium |
Вид | Asplenium macedonicum Kümm. |
Датум на објава:
Jan. 26, 2024, 8:27 a.m.