Биофотоконкурс 2024

Датум на објава:
April 15, 2024, 11:03 p.m.

Со големо задоволство го најавуваме овогодинешниот Биофотоконкурс на Истражувачкото друштво на студенти биолози.

Целта на овој конкурс е да поттикнеме да погледнете каде што мислите дека нема ништо и да се уверите дека животот е застапен и на најнеобичните места! Фотографирајќи ги различните органзими кои живеат или пак често ги посетуваат карпите ќе го покажеме разнообраството на организмите кои им даваат живот на карпите.

Затоа, и темата на овогодинешниот биофотоконкурс е: ЖИВОТ НА КАРПИ

Што може да се фотографира?
Објект за фотографија може да биде се што ќе се најде на карпа, од флора и фауна: растенија кои растат на карпи, мовови, лишаи, габи, инсекти, змии дивокози итн… Притоа, доколку фотографирате животно:

·        Животното не смее да биде видно вознемирено, повредено или угинато;

·       Животното треба да биде фотографирано во дивина, во неговиот природен хабитат (не се прифаќаат домашни и животни кои се позиционирани или наместени намерно).

А доколку фотографирате растение:

·       Мора да биде претставник од хазмофитска вегетација;

·       Растението не смее да биде откинато и преместено на карпи, ниту сликано во рака.

 

НАПОМЕНА: Целта е да се прикажат карпите како хабитат, поентата е да се фотографираат животни чие однесување често се одвива на карпи, на пример, змии кои се изложени на сонце, карполазач, дивокози. 

КОИ СЕ ТЕХНИЧКИТЕ СПЕЦИФИКАЦИИ?

  1.       Секој може да испрати максимум 5 фотографии;
  2.      Фотографиите мора да бидат оригинални дела од пријавениот учесник;
  3.      Фотографиите претходно да не се објавувани на било каков натпревар, ниту пак да се веќе наградувани;
  4.      Фотографиите треба да бидат 3:2 aspect ratio (тоа е сооднос на должините на страните на фотографијата, на пример 3000х2000 пиксели. Ова може да се направи во било каков софтвер со помош на алатката CROP);
  5.      Минималната големина на фотографијата треба да биде 5MP (мегапиксели);
  6.      ПОБЕДНИЧКИТЕ фотографии ќе бидат проверени за точноста на информациите со праќање на оригиналот – неедитиран file (raw file од апарат, неедитирана фотографија од телефон...);
  7.      Доколку фотографијата не се совпаѓа со горенаведените правила, ИДСБ го задржува правото да го дискфалификува учесникот од натпреварот;
  8.     Дозволено е едитирање во однос на светлина, боја, контраст и сл. ЗАБРАНЕТО Е ЕДИТИРАЊЕ НА ФОТОШОП – бришење и додавање на елементи кои се на оригиналната фотографија;
  9.       На испратените фотографии, ИДСБ ќе го стави своето лого со цел да се задржат правата на авторите.
  10.      Фотографиите мора да бидат направени на територија на Р. Македонија, сите кои се направени во други земји ќе бидат дисквалификувани

КАТЕГОРИИ

            Овогодинешниот биофотоконкурс содржи три категории на фотографии:

1.     Најдобра фотографија, за која респективно ќе бидат доделени прво, второ и трето место;

2.     Победничка фотографија на социјалните медиуми: фотографија која има најмногу лајкови на страната на фејсбук на конкурсот за биофотографија. Гласањето ќе биде анонимно и победникот ќе биде објавен со име и презиме. 

3.     Најдобра фотографија на научно-значаен вид, одбран од стручна научна комисија.

Може да учествувате во сите три категории или пак само во една, согласно и зависно од фотографијата и притоа доколку вашата слика е одбрана како победник во една категорија, нема да биде во другите две, односно една фотографија може да биде победник во една категорија.

Каде да ја испратите фотографијата?

            Сите фотографии ги испраќате на мејлот на ИДСБ: idsbiolozi@gmail.com. Во прилог мора да ги наведете и следните информации:

  1.     Датум и местото каде е направена фотографијата, фотографијата може да е направена и пред објавата на конкурсот;

  2.     Име на објектот (доколку го знаете);

  3.     НЕЗАДОЛЖИТЕЛНО: краток опис во кој ќе наведете зошто сте го фотографирале тоа, како дојдовте до таму, зошто токму тоа сте го фотографирале и сл.

Натпреварот е отворен за сите!

Победниците ќе бидат објавени една недела пред изложбата!

Со нетрпение ги очекуваме вашите креативни фотографии и ве повикуваме како љубители на природата да се придружите на овој забавен и образовен биофотоконкурс.

Верзија на англиски јазик е достапна на линкот (Click here for english version)

 


Датум на објава:
April 15, 2024, 11:03 p.m.