Датум на објава:
April 7, 2025, 4:27 p.m.
Со големо задоволство го најавуваме овогодишниот Биофотоконкурс на Истражувачкото друштво на студенти биолози во соработка со Europe House.
Целта на овој конкурс е да поттикнеме да погледнете со вашите креативни очи насекаде во природата и да ги фокусирате на облините. На овој начин ќе фотографирате организми кои на себе имаат или пак самите тие во екосистемот градат уникатни форми.
Затоа, и темата на овогодишниот биофотоконкурс е: ОБЛИНИТЕ НА ПРИРОДАТА.
Што може да се фотографира?
Објект за фотографија може да биде секоја облина забележана на кој било организам: растенија кои се извиткани, габи со кружна форма, инсекти, змии… Притоа, доколку фотографирате животно:
· Животното не смее да биде видно вознемирено, повредено или угинато;
· Животното треба да биде фотографирано во дивина, во неговиот природен хабитат (не се прифаќаат домашни животни и животни кои се позиционирани или наместени намерно).
А доколку фотографирате растение:
· Растението не смее да биде откинато и преместено, сликано во рака, и во никој случај не смее да биде намерно извиткано за да се направи фигура со кружна форма.
НАПОМЕНА: Целта е да се прикажат организми кои природно имаат или градат облини, не смее антропогениот фактор да фигурира во креирање на облините. За таа цел, ќе наведеме неколку примери, кои ќе ви послужат да разберете на што конкретно се мисли:
1. полжави каде што се забележува хеликоидна формација;
2. змија која е свиткана (или може и некој друг организам кој е свиткан, пример верверичка која спие);
3. опашка од некој цицач доколку е свиткана;
4. плодно тело на печурки...
КОИ СЕ ТЕХНИЧКИТЕ СПЕЦИФИКАЦИИ?
КАТЕГОРИИ
Овогодишниот биофотоконкурс содржи три категории на фотографии кои ќе бидат наградени:
1. 12 најдобри фотографии, од кои респективно ќе бидат доделени прво, второ и трето место;
2. Победничка фотографија на социјалните медиуми: фотографија која има најмногу лајкови на Фејсбук-страницата на конкурсот за биофотографија (https://www.facebook.com/biofotokonkurs). Гласањето ќе биде анонимно и победникот ќе биде објавен со име и презиме.
3. Најдобра фотографија на научно-значаен вид, одбран од стручна научна комисија.
Може да учествувате во сите три категории или пак само во една, согласно и зависно од фотографијата и притоа доколку вашата слика е одбрана како победник во една категорија, нема да биде во другите две, односно една фотографија може да биде победник во една категорија.
Секој што ќе сака да учествува мора да ги испрати фотографиите во временскиот рок од 07.04.2025 – 31.08.2025. Секоја фотографија испратена по 31 август нема да биде одобрена во конкурсот.
Во изборот на фотографиите е вклучена стручна жири-комисија:
1. Проф. д-р Славчо Христовски – професор на одделението Екологија на растенија, долгогодишен соработник на ИДСБ;
2. Д-р Методија Велески – орнитолог, долгогодишен соработник на ИДСБ;
3. Томислав Георгиев – Професионален фотограф, добитник на наградите Water=Life на светскиот фото-конкурс организиран од Министерството за надворешни работи на Кралството Холандија
Каде да ја испратите фотографијата?
Сите фотографии ги поднесувате на следнава форма. На формата има и полиња кои задолжително мора да ги пополните, како и некои факултативни. Напоменуваме дека информациите ќе бидат искористени само за целите на овој биофотоконкурс и нема да има никаква нивна злоупотреба!
Натпреварот е отворен за сите!
Победниците ќе бидат објавени една недела пред изложбата!
Со нетрпение ги очекуваме вашите креативни фотографии и ве повикуваме како љубители на природата да се придружите на овој забавен и образовен биофотоконкурс.
Датум на објава:
April 7, 2025, 4:27 p.m.