Датум на објава:
Jan. 26, 2024, 8:27 a.m.
Во Македонија, теренските истражувања опфатија неистражени подрачја во централна Македонија околу кавадаречкиот и прилепскиот регион, Демиркаписката Клисура, Пелагонија и Мариово.
При посетата беше потврдено присуството на некои значајни видови со ограничено распространување, како Caliaeshna microstigma и Lindenia tetraphylla, кои се покарактеристични за за јужниот дел од земјата.
Белчишко Блато беше едно од целните подрачја за истражување каде се регистрирани 11 вида. Фауната на вилински коњчиња за Македонија брои 64 вида, што претставува скоро половина од европската фауна од оваа група.
За време на петтата Балканска одонатолошка средба во Македонија беа регистрирани 43 видoви. Средбата ја оранизираше Македонското еколошко друштво во соработка со Истражувачко друштво на студенти биолози и Словенечкото одонатолошко друштво.
Датум на објава:
Jan. 26, 2024, 8:27 a.m.