Датум на објава:
Jan. 26, 2024, 8:27 a.m.
Ова е галеодес или сончев пајак. Иако го носи тривијалното име пајак, технички не се работи за пајак иако спаѓаат во иста класа како пајаците.
Овој безрбетник живее во аридни, односо суви и топли региони. Тој е типичен пустински жител, но го има и во полупустините и во степите. Живеат во Африка и Азија, а јужниот дел на Балканот им е најсеверната точка на распространување.
Се хранат со инсекти и се ноќни животни.
Не се отровни и не напаѓаат луѓе.
Во Македонија се среќава во степоликите региони како што се Мариово, Јужните делови на Овче Поле и Тиквешијата.
[caption id="attachment_985" align="alignnone" width="422"]
Примерок најден од истражувачи во околината на Тиквешијата, 2014 год.[/caption]
Датум на објава:
Jan. 26, 2024, 8:27 a.m.