Голема истражувачка акција Галичица 2025

Датум на објава:
June 18, 2025, 8:12 p.m.

Истражувачкото друштво на студенти биолози со големо задоволство ја најавува овогодинешната и 31-ва Голема истражувачка акција.

Акцијата ќе се одржи во периодот од 10.07.2025 – 25.07.2025 година на планината Галичица во планинарскиот дом Асанѓура. Акцијата ќе содржи голема разнообразност на теренски активности и главните цели се рекапитулација на сите стекнати вештини, теорија и знаења и истите да ги преточи во истражувачка пракса. Преку овие способности ќе се овозможи детално проучување на биодиверзитетот на подрачјето на планината а преку резултатите ќе се добијат податоци кои ќе помогнат во понатамошно зачувување на истото.

Теренските активности бараат физичка подготвеност и издржливост и познавања од областа на истражувањата и нивните методологии. Заради тоа, ќе биде извршена СТРОГА СЕЛЕКЦИЈА на пријавените учесници.

Критериумите за селекција се сведуваат на досегашна активност, понатаму оние кои ќе присуствуваат на целата акција ќе добијат приоритет (15 дена), а за селекционен критериум ќе се земе и досегашната струка и познавања на учесникот од областа на биологијата и екологијата.

Секој избран учесник, ќе мора да плати котизација од 1500 денари.

НАПОМЕНА 1: СУМАТА ОД 1500 ДЕНАРИ ОСТАНУВА ИСТА, НЕЗАВИСНО ОД ТОА ДАЛИ НЕКОЈ ЌЕ СЕДИ 5, 10 ИЛИ 15 ДЕНА!

НАПОМЕНА 2: НАЈМАЛ БРОЈ ЗА ДЕНОВИ НА УЧЕСТВО Е 5 ДЕНА!

Со избраните учесници ќе се одржи координативен состанок, каде истражувачката акција ќе биде детално објаснета. Состанокот ќе се одржи на 07.07.2025 (понеделник), три дена пред акцијата. Присуството на координативниот состанок за избраните учесници е ЗАДОЛЖИТЕЛНО!

Бројот на учесници кои ќе бидат избрани е ограничен. Конкурсот за аплицирање трае до 03.07.2025 до 12.00 часот, а истиот ден ќе бидат објавени прифатените апликации. Ве замолуваме да го пријавите вашето присуство овде.

До сите љубители на природата, биологијата, екологијата и истражувањето,

Ве очекуваме!

 


Датум на објава:
June 18, 2025, 8:12 p.m.