ИЗВЕШТАЈ – Ентомолошка секција (Дешат 2016)LEPIDOPTERA Rophaloсera – дневни пеперутки
На 28.05.2016год. (сабота) се одржа втората еднодневна истражувачка акција на планината Дешат. Рутата на движење беше по јужната страна на планината. Тргнувајќи од село Горно Косоврасти, се до врвот Црвена Плоча, враќање преку Татар Елевци до Дебар.
Опис на пределот
Планината Дешат припаѓа во регионот на западни планини во Македонија и е продолжување на Кораб кон југ. Дешат е висока планина со неколку врвови над 2200мнв (просечната надморска височина е 1404м). Иако е карактеристична планинската клима, сепак нејзините јужни и источни падини се под медитеријанско влијание кое пенетрира низ долините на реките Црн Дрим и Радика.
Генерално е силикатна планина меѓутоа некои врвови и други поголеми предели се карбонатни. Еден од најголемите формации на гипс во Европа е токму на југоисточниот дел на Дешат. (Меловски 2013) Целиот терен при рутата на нашето движење се одликуваше со суви, карбонатни карпести брдски пасишта, ливади и силно деградирана букова шума
Извештајот може да го погледнете тука – Дешат – 28.05.2016 (Lepidoptera)