Конгрес на еколозите на Mакедонија со меѓународно учество

Датум на објава:
Jan. 26, 2024, 8:27 a.m.

Во периодот 12 -15. 10. 2012 се оддржа четвртиот „Конгрес на еколозите на Mакедонија со меѓународно учество“ во чии рамки се оддржа и Симпозиумот на студенти биолози со интернационално учество. Конгресот опфати различни теми од областа на екологијата и заштитата на животната средина, преку презентација на над 183 научни трудови, од кои 82 усни презентации и 73 потери. Воведно предавање на првиот ден на конгресот оддржа проф. д-р Иван Раев од Бугарија на тема „Пошумување во услови на глобални климатски промени во Бугарија – проблеми, истражувањa и мерки за адаптација“ (Afforestation in conditions of global climate change in Bulgaria – problems, investigations and adaptation measures), по што денот продолжи со презентации на трудови од областа на:
  • Структура и функции на терестричните екосистеми
  • Популации и заедници, моделирање во екологијата
Вториот ден беше резервиран за теми од областа на:
  • Биодиверзитет и заштитени подрачја на Балканот
  • Животна средина, загадување и климатски промени
  • Урбана екологија
  • Еколошка едукација
а воведно предавање оддржа Акад. Владо Матевски на тема „Диверзитет на суви пасишта на варовничка подлога во центален и јужен Балкан“ (Diversity of dry grasslands on calcareous bedrock in the central and southern Balkans). Проф. д-р Златко Левков имаше воведно предавање на последниот ден на конгресот на кое нè запозна со „Дијатомејските истражувања во изминатите сто години на Охридското и Преспанското Езеро“ (A century of diatom research on Lakes Ohrid and Prespa). Потоа во едната сала конгресот продолжи со презентирање на трудови кои беа групирани во три сесии:
  • Водни екосистеми под закана
  • Пределна екологија и одржлив развој
  • Агроекологија и шумарство
 

Датум на објава:
Jan. 26, 2024, 8:27 a.m.