[su_box title="Класификација:" style="glass" box_color="#8fdce3"]
Класа: Bacillariophyceae
Ред: Naviculales
Фамилија: Pinnulariaceae
Род: Pinnularia Ehrenberg
[/su_box]
Клетките се единечни, навикулоидни и многу реткo формираат лентовидни колонии. Во двата појаси се присутни плочки – како пластиди, понекогаш со многу високо расечени маргини; или двете плочи се поврзани под хиповалвата со многу тесен централен истмус во вид на единечни пластиди со Н форма. Понекогаш пиреноидите се инвагинирани. Многу голем епипелонски род; најчесто слатководни, а поретко морски.
Валвите се линеарни, елиптични, понекогаш со рострирани или капитирани краеви и понекогаш со брановидни маргини. Лицето на валвата е рамно или закривено во нејзиниот релативно цврст страничен дел. Површината на валвата често е орнаментирана. Стриите се алвеолатни, во основа мултисериатни. Внатрешно, стриите се одделени во комори. Надворешниот ѕид од секоја од коморите (алвеолите) е порозна плоча која содржи многу редици на мали кружни пори затворени со химени. Внатрешниот ѕид се состои од рамна плоча која е перфорирана со еден голем трансапикално издолжен отвор, или со 1 или 2 мали кружни дупчиња; ретко тој внатрешен ѕид е изгубен и стриата е едноставно мултисериатна. Обично порите се невидливи на светлосен микроскоп и стриите изгледаат помалку структуирани, раздвоени од внатрешните отвори на алвеолите. Повремено стриите се прекинати од латералната (странична) стерна. Рафата вообичаено е во централниот дел. Надворешните централни краеви се прошируваат, долги свиткани пукнатини се присутни на половите. Внатрешните централни краеви се свртени кон главната страна, каде има истакната нодула (чепче, ситен израсток) или внатрешната пукнатина е непрекината. Надворешната и внатрешната пукнатина на рафата не се една над друга и понекогаш се свиткани во различни насоки, завршувајќи со змијулести кривини, кои понекогаш се прекрстуваат помеѓу себе долж рафата (видливо на SEM). Појасот се состои од неколку отворени ленти. Првата лента е обично најширока и носи една редица продолжени пороиди.
1. Стриа во комора
2. Надворешни проксимални краеви на рафата (проширени)
3. Дистални краеви на рафата