Датум на објава:
Jan. 26, 2024, 8:27 a.m.
Pl@ntNet е апликација за споделување и пребарување на слики, за индетификација на растенијата. Таа е развиена од страна на научници од четири различни француски истражувачки организации (Cirad, INRA, Inria и IRD), како и од Tela Boranica network, со финансиска поддршка од фондацијата Agropolis.
Функционира така што прикачувате фотографија од некое растение. Потоа апликацијата бара во својата архива слично растение на она од вашата фотографија.
Апликацијата моментално има база со податоци за околу 6000 видови растенија што може да се најдат во Европа. Базата постојано се проширува, со тоа што дозволува корисниците да придонесат и идентификуваат растенија што веќе ги нема во апликацијата. Воедно, веруваме дека со оваа апликација во иднина многу лесно и брзо ќе препознаваме видови растенија, за кои денес, ни одземаат време при нивно индетификување.
Повеќе информаци за оваа апликација може да погледнете тука.
Датум на објава:
Jan. 26, 2024, 8:27 a.m.