Еколошки криминал

Датум на објава:
May 6, 2025, 6:21 p.m.

Присуството на еколошкиот криминал сѐ повеќе се зголемува, а според Интерпол (Меѓународната организација на криминална полиција) криминалот врз дивиот свет претставува еден од најголемите глобални криминални дејства. 

Во петок (09.05.2025) со почеток од 12:00 часот, Арта Старова од Македонско еколошко друштво, координатор на проектите против труење на дивите животни и други кривични дела врз дивиот свет ќе ги покрие најсериозните еколошки кривични дела - од пустошење на шумите до криволов). 

Исто така на предавањето ќе се зборува и за причините за настанувањето на овие криминални дела и последиците кои ги носат врз екосистемите. 

Дополнително, присутните ќе имаат можност да научат како можат практично да се приклучат во борбата против еко-криминалот.

Ве очекуваме.

Автор на фотографија: Христо Пешев

 


Датум на објава:
May 6, 2025, 6:21 p.m.