Датум на објава:
Jan. 26, 2024, 8:27 a.m.
Една од најпознатите мисли на големиот Charles Darwin e :
It is not the strongest of the species that survives, nor the most intelligent that survives. It is the one that is most adaptable to change.
Типот "Rhodophyta" или познат како црвени алги се исклучително морски организми. Овие алги се специфични во одност на нивните морфолошки, анатомски и физиолошки адаптации.
Живеат на многу големи длабочини каде што достапноста на светлината е околу 0,001%. Со оглед на тоа дека преставуваат храна за голем број морски организми, тие се повлекуваат кон поголемите длабочини за да се заштитат од предатори. Но тука, се соочуваат со еден проблем - потребна е светлина за процесот на фотосинтеза.
Во своите родопласти поседуваат хлорофил А, кој е маскиран од доминантниот помошен пигмент фикоеретрин, кој воедно ја дава и црвената боја.
На овој начин се овозможува искористување на зелената и жолтата светлина од спектарот на бои од белата светлина, кои всушност доспеваат на големи длабочини. На овој начин тие егзистираат, далеку, далеку од предаторите.
Црвените алги претставуваат многу стара еволутивна линија во рамки на еукариотите. Пронајдени фосили датираат уште од Камбриум (Пред околу 590 милиони години). Овој податок е само потврда дека овие алги имаат голема способност за адаптација при промените во животната средина, која им овозможила егизстенција и опстојување долг временски период.
Датум на објава:
Jan. 26, 2024, 8:27 a.m.