Sempervivum tectorum – Чувар куќа

Датум на објава:
Jan. 26, 2024, 8:27 a.m.

[su_box title="СИСТЕМАТИКА " style="glass" box_color="#29b3ca"]
  • Тип: Magnoliophyta
  • Класа: Magnoliopsida
  • Ред: Saxifragales
  • Фамилија: Crassulaceae
  • Род: Sempervivum
  • Вид: Sempervivum tectorum
[/su_box] Sempervivum tectorum е лековито растение кое што кај нас најчесто е познато како чувар куќа. Неговото име ги обединува неговата способност за одржување на стабилност при различни услови и местото каде најчесто се среќава – на крововите од куќите. Неговото родово име Sempervivum, доаѓа од латинските зборови semper (секогаш) и vivo (живо), а неговото видово име tectorium значи кров/покрив, осврнуваќи се на традиционалното место на растење за оваа билка. Оваа билка е позната и под други називи како: Телешка брада, Ѓаволска брада, Окото на Јупитер и др. ОПИС Оваа билка расте до 15cm во висина и 50cm во ширина, во форма на розета. Листовите се зелени и достигнуваат ширина од 4 до 10cm во дијаметар, а на врвовите најчесто се со розево-црвена боја. Во текот на летото растат стебленцата кои достигнуваат должина и до половина метар, а цветовите се најчесто со црвеникаво – виолетова боја. Растат неколку години пред да процветаат. РАСПРОСТРАНЕТОСТ Расте на песоклива, умерено плодна почва, со неутрална, алкална или базна pH. Постојат податоци дека кај нас оваа билка се одгледува уште од деветтиот век. Денеска е распространета во Европа, Источна Азија и Северна Африка. РАЗМНОЖУВАЊЕ Sempervivum tectorum пропагира од семе или корен на пролет. СОБИРАЊЕ И УПОТРЕБА Од оваа билка се користат листовите кои се берат по потреба и се користат свежи. Во народната медицина и фитотерапијата се употребува сокот од листовите поради нивните разладувачки, антиинфламаторни и диуретични својства. Сокот од листовите се користи и при болки во ушите на тој начин што се капнуваат неколку капки од него во увото, како мелем за рани и опекотини. Исто така се користи и при висока температура и при крварења од носот. Доколку пак сокот се помеша со мед, може да делува на ранички во усната празнина и на брадавички. Свежите листови од оваа билка се користат за третирање на изгореници, чиреви и други типови воспаленија. До сега не се познати некои нуспојави од користењето на оваа билка. СОСТАВ Според најсовремените биохемиски истражувања што се направени, докажано е дека Sempervivum tectorum содржи: јаглехидрати, лимонска, јаболкова, малонска и мравја киселина, танини, калциум малат, флавоноиди и слободни амино киселини. ЗАНИМЛИВОСТИ Римјаните ја огледувале како украсно растение на прозорците, кое го красело предниот дел од куќата, а во Италија оваа билка се користела за подготовка на љубовен напиток. Денес постои народно верување за оваа билка дека го штити домот од болести, ветрови и вештерки. Според една народна поговорка, оваа билка е подобар чувар на куќата и од две кучиња пред вратата. Корисни линкови: http://www.missouribotanicalgarden.org/PlantFinder/PlantFinderDetails.aspx?kempercode=b711 http://botanical.com/botanical/mgmh/h/houlee41.html Изработила: Марија Костоска

Датум на објава:
Jan. 26, 2024, 8:27 a.m.