СТАНИ ИСТРАЖУВАЧ vol.3: Објавување на труд - последните чекори

Датум на објава:
Dec. 7, 2024, 2:01 p.m.

Во вторник (10.12.2024) со почеток од 14.00 часот во просторија 242 на Институтот за Биологија, ќе се одржи третиот и последниот дел од серијата предавања: ,,Стани истражувач: од идеја до труд".📊📃📋

На предавањето ќе се зборува за последните чекори од севкупноста на процесот, односно, што сѐ се случува откако идејата за истражување е веќе преточена во труд.📁👨🏽‍🏫

Предавањето ќе биде одржано од страна на д-р Драган Арсовски.

Присуството на предавањето ќе им помогне на идните истражувачи добро да ја сфатат целата постапка и сите чекори за објавата на еден труд.🖋️📝

Добредојден е секој што сака да присуствува.


Датум на објава:
Dec. 7, 2024, 2:01 p.m.