Трета еднодневна истражувачка акција - 2024

Датум на објава:
June 9, 2024, 6:02 p.m.

На 16.06.2024 година ќе се одржи третата еднодневна истражувачка акција на Алшар, овозможена благодарение на Институтот за биологија.

Акцијата има за цел да ги заклучи досегашните еднодневни истражувачки акции и целосно да ги подготви младите истражувачи за престојната Голема истражувачка акција.


Поаѓањето ќе биде на 16.06 во 6.00 часот, пред ВИП хотелот (спроти East Gate) со организиран превоз. Доколку некој сака може да дојде и со сопствен превоз. Од причина што има ограничен број на седишта, прифаќањето ќе биде по принцип first come first served, односно оние 20тина кои најпрви ќе се пријават на формата, притоа предност ќе имаат студентите кои се запишани на биологија. Пријавувањето започнува од денес и трае до 13.06.2024 година, четврток до 12.00 часот (напладне). Можете да се пријавете овде.

Ве очекуваме!

 


Датум на објава:
June 9, 2024, 6:02 p.m.