Тридневна истражувачка акција

Датум на објава:
May 15, 2024, 4:09 p.m.

Наредната недела ќе се одржи тридневна истражувачка акција на Илинска Планина. Акцијата има за цел да изврши мониторинг на еколошките коридори на Преспа преку проект на Македонското еколошко друштво (МЕД).

Сместувањето е во манастирот Св. Илија или во шатор.

Истражувањето ќе се одвива од источните падини на планината преку врвот до западните делови. Предвидените терени се долги и се очекува членовите да се физички подготвени за тродневно истражување и носење на својот багаж.

Од причина што манастирот има ограничени легла, а и мониторингот бара искуство и познавање на методологијата на работа од страна на учесниците, ќе се одбере ограничен број студенти кои ќе присуствуваат на тридневната акција. Притоа, селекцијата се стреми кон балансиран број на членови од сите секции.

Селекцијата ќе се изврши на база на неколку фактори: 

  1.          Присуство на претходните (овогодинешни) истражувачки акции; 
  2.           Активности во секција;
  3.          Искуство и познавање на методологијата и работата во склоп на соодветната секција;
  4.          Физичка и ментална подготвеност за долга работа.

НАПОМЕНАИстражувачката акција бара голема физичка подготвеност и активност. Теренските рути се долги километражно но и временски. 

Пријавувањето е до недела (19.05.2024). Оние кои се одбрани ќе добијат мејл во кој детално ќе биде објаснета акцијата.

Пријавете се овде.

 


Датум на објава:
May 15, 2024, 4:09 p.m.